На прво место

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА-1991 година (3)

mane-berlin

mane-berlin
Мане Јаковлески пред ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин

Се договоривме на 13 јуни во кафеаната на Никола Талески-Коле, од битолското село Новаци, да формираме иницијативен одбор за организирање на демонстрацијата.

На состанокот дојдоа:Методија Јошевски, Симе Николовски, Момир Талевски, Јанко Пирковски, Ѓорѓи Личнов, Жарко Кленковски, Мане Јаковлески, Љубица Дахленбург и авторот на фељтонот.

Присутните со воодушевување ја прифатија иницијативата за организирање мирна демонстрација со која ќе се изврши притисок врз министрите за надворешни работи на државите-членки во ЕЗ, за да ја признаат Република Македонија.

За претседател беше избран Мане Јаковлески, а за секретар Љубица Дахленбург. Потоа беше усвоен оперативен организациски план со одредување задачи и извршители. Така, Мане Јаковлески и Киро Кипроски беа задолжени да ги координираат подготовките, да обезбедат дозвола за демонстрацијата од берлинската полиција, да ги поканат македонските клубови во Хановер, Хамбург, Бон и во другите градови на Германија. Текстовите за петицијата, за летокот и за паролите да ги подготви Киро Кипроски, транспарентите и паролите на платно и на хамер да ги напише скопскиот уметник Куфало, кој приватно престојуваше во Берлин, а да му помага Симе Николовски. Подрумот на ресторанот „Ново Скопје“ ќе биде местото каде што ќе се извршуваат техничките и другите подготовки.

Виолета Добрешиновска беше задолжена текстовите да ги преведе на германски, француски и на англиски јазик, а на денот на демонстрацијата да го чита летокот од импровизиран разглас во автомобил. Ѓорѓи Личнов беше задолжен и прифати да ги отпечати летоците во 10.000 примероци.

Од Симе Тримчевски, претседател на македонскиот клуб „Гоце Делчев“ во Берлин, побаравме клубот да поднесе барање во берлинската полиција за добивање дозвола за одржување на мирната демонстрација. Тримчески ја поддржа иницијатива, меѓутоа, бидејќи е во спротивност со статутот на клубот, не можеше да го поднесе барањето. Додека во ресторанот „Ново Скопје“размислувавме како да ја обезбедиме потребната дозвола, како нарачан дојде нашиот пријател г. Шилингер, Германец, кој телефонски се јави во полиција да се информира и по неколку минути разговор ги доби информациите што ни ги пренесе: „Секое правно и физичко лице веднаш може да добие дозвола за организирање демонстрација. Организаторот на демонстрацијата треба да достави барање во кое ќе ги наведе податоците: местото на одржување на демонстрацијата, часот кога ќе започне и ќе заврши, маршрутата по која ќе се движат демонстрантите, слободна процена колку лица ќе учествуваат и на крајот на барањето да се наведат личните податоци на организаторите“.

Нова европска „архитектура“

Дневниот весник „Нова Македонија“ на 12 јуни го објави мојот текст дека во Берлин ќе се одржи министерскиот состанок на КЕБС, со наслов „Нова европска ’архитектура’“, кој беше прв текст објавен во печатените и во електронските медиуми во СФРЈ на оваа тема. Во него напишав: „Во пресрет на министерскиот состанок на КЕБС, кој ќе се одржи во Берлин, на 19 и 20 јуни, во овој над четиримилионски град, сѐ е во знакот на оваа значајна меѓународна конференција. Според најавата, на овој редовен состанок ќе учествуваат 35 министри за надворешни работи. Меѓу еминентните гости ќе бидат претседателот на СР Германија, Рихард фон Вајцзекер, министерот за надворешни работи на САД, Џејмс Бејкер, неговиот колега од СССР, Александар Бесмертних, и генералниот секретар на ООН, Перес де Куелјар. Во Берлин се најавуваат најстроги мерки на безбедност. Полицијата ќе биде засилена со над 500 специјалци од други градови на Германија. Во Берлин министрите ќе водат расправа за новата „архитектура“ на Стариот континент. Во заднината на „европската архитектура“ се крие и желбата на ЧССР, Полска и на Унгарија на „мала“ врата да влезат во НАТО-пактот. Токму затоа Советскиот Сојуз е мошне претпазлив и е против ваквите потези на своите сојузнички држави. На состанокот во Берлин министрите ќе водат расправи и за стопанските разлики меѓу Запад и Исток, за нивниот голем несразмер и за начините како да се надмине оваа состојба“.

Во рамка на текстот беше објавена и најавата на демонстрацијата „Мирни демонстрации на Македонците“.

„На мирната демонстрација, покрај Македонците што живеат и работат во Берлин, ќе учествуваат и Македонци од Хамбург, Хановер Латцен, Вилхелмсхафен, Есен, Минхен, Бохум, Дуисбург и од Мајнц, кои ќе демонстрираат пред зградата на Рајхстагот, во која ќе се одржува состанокот, а потоа своето незадоволство ќе го изразат и пред амбасадите на Грција и на Бугарија. На мирен и достоинствен начин да го кренеме гласот македонски, гласот на неправдата и болката, за вечно обесправениот, национално уништуван и раселуван Македонец, против денационализаторската и угнетувачка политика на Грција и на Бугарија“.

Повик до Македонците
Иницијативниот одбор за организирање на мирната демонстрација од Берлин отпечати повик до Македонците во Берлин и Германија за учество на демонстрација, кој го пренесуваме во целост.

„На 19 и 20 овој месец (среда и четврток) во Берлин ќе се одржи редовниот состанок на КЕБС, на кој ќе се расправа за човековите права во Европа и на Балканот. За нас, Македонците, е од огромно национално значење. Тука ќе се креира идниот европски дом. Поради сето ова, а за нашата иднина, браќа и сестри Македонци, сите здружени, рамо до рамо, да излеземе организирано низ улиците на Берлин, на мирни и достоинствени демонстрации, да го кренеме гласот македонски, гласот на неправдата и болката, гласот на вечно обесправениот, национално уништуван и раселуван Македонец, против денационализаторската и угнетувачка политика на балканските земји, пред сè на Грција и на Бугарија.
Да го кренеме гласот на светите Гоцеви и илинденски идеали, за слобода и еднаквост на луѓето, без разлика на која нација и вера им припаѓаат.

Досега другите ги кроеја историјата и судбината на Македонија, без учество на Македонецот. Да не дозволиме повеќе да се повтори тоа. За иднината на Македонија ќе мора да решава и Македонецот. За ова сме должни кон македонскиот народ, кон слободата и човечкото достоинство, кон правдата, еднаквоста и заемното почитување и уважување на секој народ, секој јазик и на секоја култура.

Браќа и сестри Македонци, излезете масовно на овој повик, во овој многу значаен судбоносен момент за иднината на Македонија. Со нашиот патриотски дух и масовно фамилијарно присуство на мирните демонстрации во Берлин уште еднаш да го покажеме и манифестираме слободарскиот и правдољубивиот дух на Македонците“.

nova-evropska-arhitektura
Факсимил на текстот „Нова европска ’архитектура’“ („Нова Македонија“, 12 јуни 1991 год.)

Подготовките се одвиваат непречено
Како што наближуваше денот за одржувањето на демонстрацијата, организаторите сите беа „на нозе“, беспрекорно се извршуваа добиените задачи и ефикасно се решаваа непредвидените проблеми што се јавуваа. Сите од иницијативниот одбор бевме одговорни и организирани демонстрацијата да мине колку што е можно во најдобар ред. Најмногу работа имаше уметникот Куфало, кој од рани зори до доцна во ноќта, без одмор, ги пишуваше транспарентите на платна долги и до 10 метри и пароли на хамер. Вечерта, пред одржувањето на демонстрацијата, целосно ја исполни задачата, платната беа распослани да се исушат од бојата. За само неколку дена напиша над педесетина пароли на македонски, германски и на англиски јазик: Република Македонија – фактор за мир и стабилност на Балканот и Европа; Признавањето на Македонија – легитимно право на македонскиот народ; Европо, името не го менуваме!; Веруваме во правдата; Процесот за меѓународно признавање на Република Македонија – е незапирлив; Арбитражната комисија на Европската заедница – Македонија е спремна за Европа; Европо, зар не црвенееш?; Попов, Самарас и Лончар, дали знаете на која планета се наоѓа Македонија?; Југословенската надворешна политика за Македонија е само кукавичка политика и други.

Со срце за Македонија

На крајот на 1989 година граѓаните на Европа со будно око ги следеа настаните што беа предизвикани со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, букурешките настани и другите случувања во Источниот блок на Европа. Македонците, пак, внимателно ги следеа случувањата, односно несогласувањата во партискиот и државниот врв на заедничката југословенска федеративна држава (СФРЈ). Настаните го најавуваа крајот на 45-годишното опстојување на федерацијата, се насетуваше распадот. Македонците, пак, тука ја гледаа шансата да ги остварат вековните желби и идеали на многу генерации пред нив, Македонија да стане самостојна, суверена и независна држава. Но за да ја искористат шансата со распадот на СФРЈ, потребни беа и големи активности на македонските здруженија, партии во дијаспората и во Македонија. Македонските патриоти тајно беа убедени дека брзо ќе дојде денот кога ќе чукне часот и за Македонија, која со столетија беше напатена, окупирана, ограбувана, палена, парчосувана, делена…, конечно да го добие заслуженото, да стане самостојна и суверена држава, а Македонците и граѓаните „да бидат свои на своето!“

(Продолжува)

Автор: Киро Кипроски
Превземено од Нова Македонија

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top