Денес на македонскиот народ во земјата му е потребна иста таква поддршка од својата дијаспора каква што ја доби во деведесеттите години кога Македонија се осамостои и кога ги правеше првите чекори како самостојна и независна држава на меѓународната сцена.
Ова е време кога македонската дијаспора треба да тргне по стапките на своите претци. Токму сега е вистинскиот момент кога нашите браќа и сестри треба да го дадат својот допринос за Македонија.
Затоа Македонците не треба да се делат, треба да се мобилизираат и да го кренат својот глас и да кажеме обединети: нема да довлолиме промена на името и идентитетот на нашата единствена држава-Македонија.
Македонците мора масовно да се мобилизираат и да излезат на протести како дома така и во дијаспората. Само така може да се изрази вистинската воља на македонскиот народ и да се спречи обезличување на нашата држава.
Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, кои деведесетите години ги полневте плоштадите во Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија за подршка на Македонија во својата борба за самостојност, ве повикувам да се придружите кон овој
А П Е Л
-Да не ги заборавиме делата на оние пред себе!
-Божји аманет е да оставиме вредност зад себе, кога веќе ќе нè нема!
-Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите!
-Да го чувствуваш несопирливиот од Бога даден стремеж за слобода, да си свој на своето!
-Света должност на секој Македонец е да ја чува својата татковина, зошто тој нема резервна!
-Света должност на секој Македонец е да го чува македонското име, идентитет и јазик!
-Света должност на секој Македонец е да се грижи Македонија да не исчезне од картата на светот!
-Света должност на секој Македонец е да се грижи за македонскиот народ како дома така и во дијаспората!
-Света должност е да се чува аманетот на нашите претци!
Бог да ја чува Библиска Македонија, Амин!
Најавени протести за заедничка Македонија: