На прво место

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО СМЕ ПОГЛАСНИ

1 6

1 6Непартиското и граѓанско глобално движење #НиеСмеМакедонија ве поканува на СВЕТСКИ ПРОТЕСТ под мотото #ДостаБеше на 4ти Март 2018 година.

14 локации низ светот ќе протестираат заедно со Македонците во Македонија: во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на нашиот Македонски идентитет.

Светскиот протест ќе започне на 3ти Март во Вашингтон, Малме, Шведска и Франкфурт, Германија; ќе продолжи на 4ти Март во Мелбурн, Перт, Сиднеј и Брисбејн во Австралија и Окланд, Нов Зеланд и ќе кулминира во Холандија, Англија, Италија, Малта, Чешка и Словенија со вклчување во живо на плоштад Македонија во Скопје, Македонија.

Поканете ги своите семејства, роднини и пријатели и бидете дел од овој историски настан. Македонците низ светот го креваат својот глас за Македонија.

Едно Име Македонија Еден Јазик Македонски

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО СМЕ ПОГЛАСНИ И затоа:

Ве покануваме, Во недела на 4-ти Март, во 13 часот, да излеземе масовно на Плоштадот Македонија, во Скопје.

Да пееме за татковината и да го кажеме својот став:

#НашетоИмеЕНашеПраво

Гласно да кажеме дека ги поддржуваме ставовите во Отвореното писмо упатено до политичките лидери: ,,Шчо напраифме и шчо требит да направиме за однапред”

Македонската Дијаспора За Македонија
Светот За Македонија ️ ️
Обединети Можеме

п.с. Детални информации на страната:We Are Macedonia

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top