На прво место

Цен­трал­на Ал­бан­ско-Ма­ке­дон­ска ли­га

albano-makedonija

(прв дел)

albano-makedonija

Во ми­на­то­то и ма­ке­дон­ско­то и ал­бан­ско­то на­се­ле­ние додека би­ле под турска власт, се­ко­гаш се спло­ту­ва­ле и за­ед­нич­ки се бо­ре­ле за ос­ло­бо­ду­ва­ње. Но, штом би­ла прог­ла­се­на не­за­вис­но­ста на ал­бан­ска­та др­жа­ва, по 1912 година ра­бо­ти­те поч­на­ле да се ме­ну­ва­ат. Создадена на Западот на Балканот, под влијание на странците, Албанците ги доведувале во опасност албанско- македонските односи. Сега потикнати од надвор повторно ги доведуваат во опасност меѓусебните односи со насилното донесување на Законот за употреба на јазиците.

Сепак, имај­ќи го пред­вид пе­тве­ков­ни­от пер­и­од на ос­ман­ли­ско вла­де­е­ње со ма­ке­дон­ски­те и со ал­бан­ски­те те­ри­то­рии, во 19 век ги бе­ле­жи­ме повеќето за­ед­нич­ки ак­ции против нивните поробители. Познати македонски дејци како Сто­јан Ве­зен­ков (1828-1897) и Исаија Радев Мажевски (1851-1926) работеле на из­град­ба­ и зац­вр­сту­ва­ње­то на ал­бан­ско-ма­ке­дон­ско­то при­ја­телс­тво.

Последниот е еден од нај­екс­по­ни­ра­ни­те деј­ци на Ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ли­га од 1887 го­ди­на, ко­ја из­да­ла и прог­лас на ал­бан­ски ја­зик за по­вик на со­ра­бо­тка со ал­бан­ско­то на­се­ле­ние во бор­ба­та за ос­ло­бо­ду­ва­ње од ос­ман­ли­ска­та власт.

Во Лон­дон во 1893/94 го­ди­на бил на­пра­вен обид за фор­ми­ра­ње за­ед­нич­ка ли­га, ко­ја прет­ста­ву­ва­ла нов мо­мент во раз­во­јот на ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те вр­ски. Оваа ли­га, за раз­ли­ка од прет­ход­на­та, се ви­ка­ла „На­ци­о­нал­но-Цен­трал­на Ал­бан­ско-Ма­ке­дон­ска ли­га“.

Во почетокот на XX век доаѓа до ново активирање на „Националната Македонско-албанска лига”. Во 1902 го­ди­на „На­ци­о­нал­на­та ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска ли­га“ од Лон­дон ја зго­ле­му­ва своја­та ра­бо­та, ко­га неј­зи­ни­от Из­вр­шен ко­ми­тет из­дал еден прог­лас или апел, кој од активности­те на Ли­га­та – Сте­ван Дам­чев и Ја­шар-бег бил ди­стри­бу­и­ран во ме­ста на­се­ле­ни со Ал­бан­ци и со Ма­ке­дон­ци. Ли­га­та под­го­тви­ла про­ект за авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја, Ал­ба­ни­ја, Ста­ра Ср­би­ја и на Одрин, со­ста­вен од 12 чле­на. Во Апелот во кој се констатира разновидности во програмската концепција на борбата на македонскиот и на албанскиот народ за национално и социјално ослободување пишува:

„Браќа Македoнци! Браќа Албанци!

Дознавме дека Султанот, нашиот цар, сака да ни даде ново добро уредување (се однесува на реформите од 1902 година) за да го поправи владеењето, да ја уреди земјата, да отвори училишта, да ни ги поправи старите улици и да ни направи нови, кратко речено, да му обезбеди на секој мир и живот.

Вистина е дека ова подобрување на животот е малку, кога мислиме на она што нашето срце сака; но сепак за денес ова е добро, а ако вистина сака Султанот нив да ги реализира треба да му заблагодариме и Ве молиме ова да го признаете добронамерно. Ви даваме совети, зашто сме сигурни дека ја извршуваме нашата должност спрема нашата татковина и спрема Вас. Имаме надеж дека овие реформи ќе бидат првите од она што ќе следува натаму. Покажувајќи верба и пријателство спрема Султанот, на што тој ќе се чувствува задоволен, ќе го створиме она што сакаме.

Знаеме дека има луѓе кои сакаат да Ве отклонат и да фрлат искра меѓу Вас. Но да знаете дека тие се душмани и непријатели и не работат за татковината, ами за свој личен интерес.Затоа она што бараме од Султанот да го чекаме и да покажеме дека сме добри и со верба спрема него.

Нашата желба е да се подобрува се и земјата да биде плодородна, немаме намера да се одделиме од Отоманската империја. Гледајте ја богатата Тесалија, кога беше под сенката на Султанот, а падна под голема сиромаштија, откако се обедини со Грција и денес умира од глад. Истото тоа го има и на друго место.

Нашите душмани не сакаат подобрување, зашто со тоа се поправа земјата, се подобрува и Отоманската империја и станува посилна и престолот на Султанот се зацврснува и тогаш тие што живеат со караници ќе ја изгубат надежта и затоа не сакаат подобрување. Затоа ставаат луѓе, плаќаат ајдуци да ги горат куќите, да ви ја земат честа и да ве присилат да се бунтувате и да тече крв како река. Тие сакаат да ве стават во оган, да знаете дека сите се платени од странство.

Македонски народе! Албански народе!

Немаме потреба да го ризикуваме животот на нашиот народ со глупости! Знаеме дека, ако сме обединети со Турција, ќе ги добиеме малу по малу нашите права и ќе стигнеме да има самоуправа (selfgovernment), значи да бидеме самостојни.

Нема потреба Бугарите, Грците или други да ја поправаат нашата татковина. На овие и на нивните пријатели треба да им покажеме од каде се дојдени, на тој начин кон Султанот да ја покажеме нашата доверба.

Народе!

Да знаете дека целта на овие што знаат да ви ги горат куќите е Турската влада да почне да ве присилува и да ве уништува и со тоа да има причина да интервенираат другите земји.

Народе!

Гледајќи ја целта на овој заговор, ЛИГАТА НА АЛБАНЦИТЕ И НА МАКЕДОНЦИТЕ ќе се труди да ги уништи овие интриги.

Бидејќи законот и мирот се потребни како и опстанокот на Турската империја за нашите народи, сакаме да ја чистиме земјата од оние што прават заговор со гнасна цел.

ЛИГАТА е сo намера да испрати раководство, мала војска, којашто има за задача да ја изврши целата оваа работа.

Секоја команда на Лигата ќе има по едно знаме со полумесец од една страна, а на другата со бројот на командата и името на Лигата.

Секој раководител на командата ќе има со себе одобрение со печат и со оружје на Лигата, со чинот и бројот на луѓето што ги има под своја команда.

За се што има потреба командата од леб, облека, фишеци, коњи, коли, треба да се платат засега со пари во готово.

Сите команди се под заповедта на еден врховен командант а тој самиот е под заповедта на друг повисок од него, кој ја има во рацете сета власт и политичката работа на Лигата.

Муслимански и христијански народе!

Да имате верба во овие војници што ќе ве штитат од туѓи војски, кои работат за уништување на нашите народи.

Нека живеат новите преобразувања! Долг живот на Султанот!

Извршен комитет на Македонско-албанската лига“ (British Museum (British Library),London-National Маседоnian –Albanian League. London 1902).

Продолжува наредна среда

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top