На прво место

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (9)

demonstracii9-1

По македонската вистина во Бон

Во германската метропола Бон, на 15 март 1992 година, беше одржана најмасовната демонстрација на Македонците од Германија за поддршка на македонската влада за меѓународно признавање на Република Македонија, против двојната политика што ја води бонската влада со признавањето на Република Македонија, како и против грчкиот однос што го има кон Македонија и сѐ што е македонско

demonstracii9-1

Македонците се за правдина

Под мотото „За признавање на Македонија како држава“, во 13 часот, од центарот на Бон – Бад Годезберг, започна најмасовната македонска демонстрација со над 5.000 Македонци од Германија, Белгија, Холандија и од Швајцарија.

Во новинскиот извештај за демонстрацијата „Над 5.000 Македонци – за македонската вистина“, колегата Драшко Антов („Нова Македонија“, 16 март 1992 г.) забележа: „Дождот и студеното време не ги спречија Македонците од неколку градови и места во Германија и од соседните земји: Белгија, Холандија и Швајцарија, да дојдат во Бон, на зборното место во Бад Годезберг, да учествуваат на македонската демонстрација. Во 13 часот сликата беше импозантна, никогаш толку Македонци не се собрале досега на манифестација, како на оваа за поддршка за меѓународно признавање на Македонија и за заштита на името Република Македонија. Над 5.000 луѓе со македонски знамиња, транспаренти со пароли на македонски, германски и на француски јазик, со слики на Гоце Делчев, тргнаа кон центарот на Бад Годезберг. Демонстрантите се движеа достоинствено низ бонските улици извикувајќи: ’Македонија’, ’Македонија е наша’, ’Да живее Македонија’. На германски јазик се читаа петицијата и објаснувањето зошто Македонија треба да биде признаена од Европската заедница.

Потоа, демонстрантите се упатија кон грчката амбасада и извикуваа: ’Македонија постои’, ’Македонија е македонска’, ’Засрамете се…’. По реакциите на демонстрантите можеше да се согледа дека беа многу огорчени на грчката политика кон Македонија.

Долгата колона на демонстранти се врати на почетното место. Притоа беше прочитано писмото што беше испратено до канцеларот Кол, со кое се бараше признавање на Република Македонија, односно бонската влада да има ист третман како што имаше кон Хрватска и Словенија. Притоа, укажувајќи дека Македонија има своја историја, своја традиција и дека една земја-членка на ЕЗ не може да ја краде историјата на македонскиот народ. Се бараше од канцеларот сам да ги прочита светските енциклопедии и да се увери во тврдењата на македонските вистини, а не на грчките фалсификати.

Зошто Балканот да не биде културно поле за натпревар?

Потоа, се обрати и Германецот д-р Волф Ошлис, автор на првата македонска граматика на германски јазик (заедно со Вера Бојиќ). Тој укажа на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик и дека како Германец ја чувствува потребата да ја повтори големата мисла на македонскиот револуционер Гоце Делчев ’Јас го разбирам светот како поле на културен натпревар меѓу народите’ и се запраша зошто и Балканот да не биде таков, поле за културен натпревар и соработка? Грција нема право да го негира постоењето на Македонија, зашто таа постои, таа е тука, и никој не може да ја избрише од картата на светот“.

И претседателот на здружението „Македонија“, д-р Томислав Лукаров, упати апел дека демонстрациите не се ништо друго туку „израз на Македонците за правдина, светот да чуе дека постоиме и бараме кон нас да дејствуваат како што беше случајот со Словенија и Хрватска. Македонија заслужи со сѐ да биде признаена“.

Македонската делегација во состав: Гојко Јаковлески (Берлин), Љупка Хаџи Георгиева (Хамбург), Драги Богоевски (Хановер Латцен) и Ристо Косарчев (Хановер) во Министерството за надворешни работи на Германија предадоа декларација од демонстрантите, која беше насловена: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕОДЛОЖНО И БЕЗУСЛОВНО ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.

Македонскиот идентитет никој не може да го одземе

„Во процесот на распаѓање на две комунистички империи (руската и српската) дојде до појава на нови држави што веќе добија или допрва ќе добијат поширока меѓународна афирмација и признавање. Решавањето на југословенската криза, крахот на една комунистичка и вештачка држава, е проследено со бруталност каква што модерна Европа нема видено со децении. Југославија нема ни историско, ни морално право на натамошна егзистенција. Денес пред Република Македонија се поставува најсериозно егзистенцијално прашање од шекспировски вид – да се биде или да не се биде независна држава! Република Македонија реши да ги респектира барањата од Европа што ги постави како услов за признавање. Таа одржа референдум во септември 1991 година и мнозинството од населението што гласаше (над 95 проценти) изрази поддршка на идејата на оваа република од некогашна Федерална Југославија да тргне по патот на самостојноста. Референдумското „за“ беше најсилна потврда на сегашните права на Македонија за државност. Македонија во декември 1991 година изгласа промени на Уставот, со што јасно ја декларира својата мирољубива политика на Балканот, ја потврди непроменливоста на границите со соседите по пат на сила. Таа, исто така, ги гарантира основните национални, религиозни и културни права на сите свои граѓани.

Република Македонија би требало да ја живее својата прва година како независна држава, со оглед на фактот дека иако ги исполнува основните критериуми, што ги одреди Европската заедница, а кои се пошироко прифатени во демократскиот свет, досега само Република Бугарија официјално ја призна Македонија. Србија ќе се обиде да најде „рационални“ аргументи декларираната суверена македонска држава да остане тоа само на хартија и по секој начин да ја задржи Македонија во рамките на нова редуцирана Југославија, односно проширена Србија.

Албанија сѐ уште не се изјасни, но создадената тензија во западна Македонија јасно зборува дека и оваа земја би сакала да добие за возврат, за признавањето на независноста на Македонија. Иако албанското малцинство во Македонија ужива повеќе национални права гарантирани со меѓународни акти. Грција, пак, дури се противи на употребата на името Македонија, со што бескрупулозно ѝ го одзема правото на една држава својствено за секоја цивилизирана земја, да има свој идентитет, бидејќи тоа име е дел од долгогодишната историја на овој простор, а апсурдно е да му го одрече туѓа држава“.
 
Барања на демонстрантите
    
1. Република Македонија да се признае неодложно и безусловно со нејзиното историско и неотуѓиво име. Секое одложување на признавањето ја зголемува опасноста од нејзино анектирање од страна на Србија, односно се создаваат услови за избувнување воен конфликт на Балканот.

2. Да се повлече ЈНА од целокупниот простор на Македонија.

3. На територијата на Република Македонија да дојдат мировни сили на ООН, благовремено да се спречи секаква воена агресија од страна на Србија или просрпски пуч и да се овозможи мирен и брз премин кон целосно независен државноправен демократски живот.

4. На овој начин би сакале да ја запознаеме меѓународната јавност дека процесот на демократизација во Македонија навистина ќе започне дури со конституирањето и признавањето како независна македонска држава.

5. Само независна и демократска Македонија може да биде гарант за слободите и правата на сите нејзини граѓани. Останувањето во редуцирана Југославија (како и да се именува новата држава) ќе значи србизација на сите заедно и на секој одделно.

6. Со оглед на фактот дека македонското прашање е интернационално, а не југословенско, бараме од органите на Европската заедница, а во интерес на мирот на Балканот, во Македонија да испрати непристрасно тело што ќе направи објективна политичка анализа за сегашните и потенцијалните конфликти, а со цел да се решат и да се одбегне трагедија од пошироки (балкански) димензии.
7. На крајот им упатуваме молба на сите земји од Европската заедница и пошироко што добиле службено барање од Македонија за нејзино признавање, писмено да нѐ известат зошто тоа не е сторено досега, кои се причините за одложување на признавањето на државноста на Македонија?

Со срце за Македонија

На крајот на 1989 година граѓаните на Европа со будно око ги следеа настаните што беа предизвикани со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, букурешките настани и другите случувања во Источниот блок на Европа. Македонците, пак, внимателно ги следеа случувањата, односно несогласувањата во партискиот и државниот врв на заедничката југословенска федеративна држава (СФРЈ). Настаните го најавуваа крајот на 45-годишното опстојување на федерацијата, се насетуваше распадот. Македонците, пак, тука ја гледаа шансата да ги остварат вековните желби и идеали на многу генерации пред нив, Македонија да стане самостојна, суверена и независна држава. Но за да ја искористат шансата со распадот на СФРЈ, потребни беа и големи активности на македонските здруженија, партии во дијаспората и во Македонија. Македонските патриоти тајно беа убедени дека брзо ќе дојде денот кога ќе чукне часот и за Македонија, која со столетија беше напатена, окупирана, ограбувана, палена, парчосувана, делена…, конечно да го добие заслуженото, да стане самостојна и суверена држава, а Македонците и граѓаните „да бидат свои на своето!“

demonstracii9-2
Македонското прашање е интернационално, а не југословенско

(Продолжува)
Автор: Киро Кипроски

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top