На прво место

Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија?

Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија?

Египет е познат како „лулка на цивилизацијата“ и во неговите археолошки наоѓалишта се ископани дел од најголемите откритија и историски тајни за човештвото.

Археолошкото откритие во Египет можеби е откритие на векот.

Ковчегот со димензии 185 на 265 на 166 сантиметри е најголемиот најден досега во овој град.

Она што го прави овој сакрофаг уште помистериозен и посебен е фактот дека не бил отворен 2.000 години, пишува списанието „Smithsonian Magazine“.

Ограбувачи на гробници испеале да отворат неколку околни гробници низ вековоите, но овој огромен гроб останал недопрен бидејќи бил запечатен со смеса слична на малтер.

Се смета дека гробот откриен на околу 4,87 метри под површината, датира од времето на Птоломејската династија што владеела од 305 до 30 година пред н.е.

Црн гранитен саркофаг стар повеќе од 2000 години или Пандорина кутија? Никој нема да дознае додека не го отвори. Проблемот е што не е познато што има внатре, а тоа може да биде почеток на прилично реалистичен хорор филм.

Министерството за култура во Египет објави во почетокот на јули историско откритие. Откритието е најдено за време на рутинските ископувања за изградба на нова зграда во Александрија. Ова е најголемиот древен египетски саркофаг што некогаш бил пронајден, но никој не знае кој лежи во него.

Некои истражувачи тврдат дека телото на Александар Велики се крие во ковчегот, а теоријата оди натаму поради машкиот саркофаг изложен на алабастер. Според археолозите, гробот е од периодот на Птоломејците, кој започнал по смртта на Александар Велики во 323 п.н.е. и продолжи со смртта на Клеопатра.

Ако претпоставките на историчарите навистина се вистинити, веројатноста телото на Александар Велики да лежи во црниот ковчег е голема. Ова ќе реши една од најмистичните загатки на Антиката.

https://skopje24.mk/egipetskite-arheolozi-pred-otkritieto-na-vekot/

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top