На прво место

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

ТЕКСТ И ФОТО: КИРО КИПРОСКИ

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

Галичник и туристичката свадба „Галичка свадба“ се единствени и неповторливи во светот.Тоа го потврдуваат 45 -те досега одржани петровденските галички свадби, во 55 години ододржувањето на првата. Галичката свадба се одржува на 12 јули (Петровден) или некој ден по Петровден, викендот ( сабота и недела).

И годинешното 45-то издание, како и претходните; беше убавина за очите, рај за душата, низ срмените елеци на галичани потекоа и по енкоја солза, тага за млдосгта, тага за Галичник, но и радост што Галичник опстојува, живее.

Два дена од писокот на зурлите и екот на тапаните, ечера ридишата на планината Бистра, по долината на реката Радика.

Два дена Галичник наликуваше во времето кога живот се живееше, свадбарски кога на Петродвден се одржуваа по неколку десеттина свадби.Околу 6.000 посетители од сите делови на Македонија и од повеќе европски држави, САД и Австралија ги следеа обичаие и со видео и фото камерите ги регистрираа сите детаљи на свадбарские обичаи и ритуали.

Организаторот, Месната заедница – Галичник, иако сите учесници беа аматери, организацијата беше професионална. Посетителтие единствена забелешка упатија тоа што регионалниот паат низ планината Бистра, Маврово – Галичник, неколку часови беше блокирана за време додека премиерот Зоран Заев и минстерот Оливер Спасовски доаѓаа во Галичник и кога се враќаше од Галичник.

Инаку, на досега одржаните галилчки свадби, како покровители присуствувале претседателите на државата Киро Глигоров и Ѓорѓе Иванов, премиерите на Влада, Бранко Цренковски и Хари Костов и како претседатели Саво Климовски, Никола Поповски и Љупчо Јордановски. Пред осамостојувањето на Република Македонија, на Галичката свадба присуствувале врвни републички и функционери на СФРЈ, вакво нешто не е регистрано. Годинава беше засилено обезбедвуањето со полициски сили:специјалци, припадници на дражавната и јавната безбедност, Галичник беше надлетуван со хеликоптер итн.

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top