На прво место

Спскиот патријарх Иринеј му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе и помогнеме на црквата

Процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е нешто во кое вреди да се вложи, смета бугарскиот патријарх Неофит и се надева дека со божја помош ќе биде поддржан овој процес.

Неофит кој денеска учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија, на прашањето како во Вселенската патријаршија ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави дека БПЦ има добра намера.

„Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со нив ќе бидеме радосни и среќни. Со божја помош ќе го поддржиме процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“ – вели Неофит.

За иницијативата на МПЦ-ОА, да побара признавање на нејзината автокефалност од страна БПЦ, пред извесен период, писмена комуникација размениле Српската и Бугарската православна црква. Во писмото што во медиумите беше објавено пред три дена, СПЦ изразува запрепастеност од тоа што Синодот на Бугарската Православна Црква ги информирал српските владици за преземената иницијатива. Истовремено, преку ова писмо српскиот патријарх Иринеј отворено му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит дека преземените чекори на БПЦ можат да се одразат негативно на нивните меѓусебни односи.

Анита Буховски

https://www.24.mk/neofit-gi-sakame-brakjata-makedonci-so-bozhja-pomosh-kje-i-pomogneme-na-crkvata

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top