На прво место

Македонија треба да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми

stock-photo-puzzle-with-the-national-flag

ЕУ е замислена како заедничка татковина на европските народи

Сакаме да влеземе во Европа, да бидеме дел од европското семејство, да бидеме дел од единствениот европски простор без внатрешни граници и да бидеме еден од еднаквите народи. Така барем ни е прикажана и така ја замислуваме. Всушност тоа беше и целта на европјаните кои мечтаеа за заедничка татковина.

stock-photo-puzzle-with-the-national-flag

Евроската унија требаше да ги испегла разликите помеѓу луѓето од северот и југот, истокот и западот. Во вака замислената Европа секој требаше да добие еднаква шанса.

За жал, од самото формирање кога шест земји, Франција, Западна Германија, Белгија, Италија, Холандија и Луксембург ја создадоа Европска заедница, па до денес кога таа има 28 членки, поедини  малцинства  немаат никакви права или имаат помали права за разлика од мнозинските народи. Се создаде  клима дека малцинствата кои заради економски или историските околности се нашле надвор од своите матични заедници, се криви за сите проблеми со кои се соочуваше мнозинското население.

Се градат зидови према етнички заедници, малцинства и верски заедници. Сепак треба да се напомене дека не секаде се градат бетонски зидови за раздвојување, но бариерите постојат во главите на европјаните.

Проширувањето на ЕУ отвори многу горливи прашања на малцинските заедници, кои дотогаш беа пригушени. Се отворија териториторијални прашања, а аспирациите на поедини земји се зголемија.

На ваквите барања, некои засегнати земји на пример Грција, се обидува да се најде начин како да се реши од Македонците и Албанците. Некои пак инсистираат да се воведат закони со кои сите жители на државата, без разлика на националната или етничката припадност мораат да го користат официјалниот јазик,  во спротивно би морале да платат драконски парични казни.  Балтичките земји пак сакаат да се решат од советското наследство, притоа заборавајќи на правата на етничките заедници.

ЕУ засега не успева да изнајде решение за соспствените проблеми, а не да решава нови.

Отука не треба да не чуди нејзиниот однос кон Македонија од која бара најпрво да го реши спорот со Грците пред да стане членка на ЕУ.. Но зачудува фактот што ЕУ своите забелешки ги насочува кон нас наместо кон Грција, која како нејзина членка ги крши сите договори и норми на меѓународното право.

Македонија не поставува зидови, со кои би ги двоела другите етнички заедници. 

Тргнувајќи од меѓуетничките односи, ако Македонија релативно успешно, врз основа на стекнатото искуство низ историјата, ги надминува сите меѓуетнички и меѓурелигиски проблеми, тогаш Македонија треба  да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top