На прво место

Има излез за се’ браќа и сестри Македонци…сплотени и во единствo, главата горе. Бог е со нас…!

Пишува: ЉУПЧО РИСТОВСКИ (политиколог)

Ристовски: Нека не ве плашат заканите, за сé има излез, браќа и сестри Македонци

Ајде малку дневна доза политика. Во политичките науки, во поширока смисла постојат пет области на ангажман или инволвирање на државата/владата: надворешна одбрана, внатрешна заштита и безбедност, лична независност (слобода општо и посебно слобода на духот на секој поединец), економски просперитет и јавниот живот/ангажман кон балансирање на релација империум / доминиум (imperium / dominium).

Од оваа перспектива, секој може да ја цени успешноста на сите влади досега, а пожелно е посебно да се цени сегашново владеење оти во нивни раце се механизмите и инструментите за носење на политичките и државните одлуки.

Тоа што сега го промовираат референдумот како највисоко плебисцитарно право за одлука, во име и за сметка на сегашните и идни генерации Македонци и граѓани на оваа држава е во ред, но само доколку не го користат како параван за “терање по свое“. Изјавите од типот, ако народот апстинира/бојкотира од гласање на референдумот, на власта и дава за право институциите да ги носат одлуките по моделот “молчењето е одобрување“ е непримерена ии непристојна политика.Секое апстинирање во политичка смисла е одговор и порака до властите, со која се изразува политички став, дека процесот е неоправдан и дека некој е ставен пред свршен чин и понудениот избор во прашањето на референдумот не го задоволува неговиот примарен интерес, значи нема избор и оттука се противи на било каква одлука. Значи е против. И тоа право е сосема легитимно и властите мора да го почитуваат и сходно на истото да се однесуваат.

Доколку владата има малку разум и мудрост, треба да има слух за забелешките на критичката интелектуална јавност и ако навистина е искрена и сака да успее со референдумот, ќе мора да се отвори докрај и на увид на јавноста да ги стави финално усогласените и договорени амандмански интервенции во Уставот, пред да се оди на гласање на референдумот. За ова ќе бидам упорен докрај и ќе мора сите да сфатиме дека спогодбата не е крајниот дострел на оваа операција (спогодби доаѓаат и си одат, затоа Грците инсистираа на Уставот). Таргет е Уставот, тој е кој останува за навек како траен запис за нацијата и државата.

И повторно ќе нагласам: Доколку во преамбулата се задржи “македонски народ“ и “неговата вековна борба за национална слобода“ и во чл. 36 се задржи “самобитноста на македонскиот народ и неговата државност“, потоа “Македонци“ низ текстот и “Македонска православна црква“, за мене тоа ќе биде континуитет на државноста на македонскиот народ и Уставот ќе одразува титулар над оваа територија во македонскиот народ и нормално сите останати граѓани кои се внесени во преамбулата. Но, сепак титулар ќе постои и нема да се претвориме во земја ничија и сечија. Ставот на владата упорно и тврдоглаво да не ги објавува амандманските интервенции раѓа сомневање дека има нешто кое е грев. Секое криење од јавноста е најава за страв од соочување со гнев на народот и со пропаст на референдумот. Но, истовремено е и силен показател за тоа како да реагира нацијата.

Е сега доаѓаме до поентата. За мене македонската етничка идентификација на Уставот, титуларот “македонски народ“ во преамбулата, континуитетот на вековната борба за национална слобода и државност на Македонците, самобитноста на македонскиот народ и неговата државност се “УСЛОВ БЕЗ КОЈ НЕ СЕ МОЖЕ“ понатаму. Да ја сториме Македонија земја без титулар, сечија и ничија и како општествената сопственост од некои минати времиња да постане предмет на разграбување и асимилација од екстремите во соседството, кои се како мршојади настрвени на нас Македонците и во вторава декада на 21-от век, е минското поле на кое извесно се приближува владата на СДСМ.

Во евентуален ваков расплет на настаните, сите мораме да бидеме на јасно дека ќе мора да пристапиме кон Романското сценарио, а тоа подразбира деноноќно протести додека не падне оваа влада и не се определи датум за нови избори. Во ваква разврска референдумот пропаѓа и треба да сме подготвени на се’, во периодот кој доаѓа. Нека не ве плашат заканите од екстремите во албанскиот политички корпус или од некои од соседите. Новата стаменитa влада на национален спас ќе знае да се справи со сите предизвиции во периодот кој доаѓа. Има начин да се премости и членството во НАТО со коректна опција која ќе стане ноќна мора и за нив и за сите околни држави кои се сега умислени дека се во надмоќна позиција.

Има излез за се’ браќа и сестри Македонци…сплотени и во единствo, главата горе. Бог е со нас…!

„Каде што има единство, секогаш има победа“

https://bukefal.club/2018/08/22/ristovski-neka-ne-ve-plashat-zakanite-za-se-ima-izlez-braka-sestri-makedontsi/

Најново од: На прво место

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

To top