На прво место

Виножито е против промена на името на Република Македонија и против Преспанскиот договор

Виножито е против промена на името на Република Македонија и против Преспанскиот договор

Нашиот став е непроменет, ние сме против каква било промена на уставното име на Република Македонија, а тоа значи и дека сме против Преспанскиот договор. Не сме против дијалогот помеѓу двете држави. Ова, како што дознаваме, е ставот на политичкиот секретаријат на Виножито, партијата на Македонците во Грција. Со ова, членовите на Виножито сакаат решително и едногласно да ги расчистат шпекулациите околу наводната промена на официјалната и доследна позиција на партијата за ова прашање.

Дали Република Македонија ќе го смени нејзиното уставно име или не, останува да биде внатрешно прашање на државата и на нејзините граѓани кои имаат демократско право да гласат за или против или пак и да не гласаат, велат од раководството на Виножито и истакнуваат дека остануваат против каква било промена на уставното име на Република Македонија.

На состанокот на политичкиот секретаријат одржан на 19 август присуствувал и Павле Воскопулос.

Оваа реакција доаѓа по интервјуто на Воскопулос за порталот НоваТВ во кое тој вели дека договорот дава позитивен инпут за владите и граѓаните во двете држави, дека со договорот не се допира во националните идентитети. „Никаков проблем и рефелксија нема овој договор врз националниот индентитет. Префиксот Северна не значи какво било оспорување на идентитетот… Мислиме дека тоа воопшто не влијае врз националниот идентитет. Ние сметаме дека македонскиот национален индеитет е загарантиран секаде во светот. Цел свет го признава и тоа го знаеме добро… Нужни се реформи во образовните системи на двете држави и унапредување на космоплитизмот за да се овозможи со овој Договор да се постигне вистинскиот ефект за градење на вистински добри односи меѓу двете држави“, рече меѓу другото Воскопулос.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vinozhito-e-protiv-promena-na-imeto-na-republika-makedonija-i-protiv

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top