На прво место

Промена на преамбулата и уставна двојазичност во Република Северна Македонија

Села ја испорача сметката за поддршка на референдумот: Промена на преамбулата и уставна двојазичност во Република Северна Македонија

На централното собрание, Алијансата за Албанците, усвои декларација, во која пишува, дека на Македонија и е потребен внатрешен договор, меѓу двете најголеми заедници, Албанците и Македонците. Партијата пишува дека ќе бара измени во преамбулата на Уставот.

„Во рамки на уставните измени, кои доаѓаат како потреба и обврска од договорот со Грција, цениме дека преамбулата на Уставот, треба да ги постави граѓаните и етничките заедници на еднаква положба, без потреба еден граѓанин да се чувствува попривилегиран од друг, и една етничка заедница попривилегирана од друга. Сегашната дефиниција на преамбулата, треба да се смени, бидејќи двои од суверенитетот на државата, една етничка заедница од другите”, се вели во декларацијата.

Во декларацијата пишува и дека Алијансата за Албанците, во Уставот ќе интервенира со амандман, за да се смени амандманот пет од Уставот.

„Дефиницијата за Албанскиот јазик во овој амандман е навредлив. Јазикот дефиниран како: јазик кој што го зборуваат над 20 насто од населението, и кој е различен од Македонскиот јазик, има карактер на привремено право на една страна, а од друга страна го поттикнува шовинистичкот елемент, во рамките на системот, со дискриминаторски политики, да се поттикне иселувањето на Албанците од своите огништа, да го политизира пописот на население, и да биде повод за неуспех на истиот, како што се случи со пописот 2012 година”, се вели понатаму.

Повикувајќи се на заедничката декларација на албанските парламентарни партии, од јануари 2017 година, Алијансата ќе бара овој амандман да се замени со нов член на Уставот кој би гласел:

„Службен јазик во Република Северна Македонија, е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и Албанскиот јазик и неговото писмо.”

Декларацијата ќе биде доставена до повеќе европски амбасади како и до американската амбасада, и до генералниот секретар на НАТО. Исто така, Алијансата за Албанците ќе бара албансите партии повторно да седнат на заедничка маса, за да се расправа за референдумот, за уставните измени и за внатрешниот албанско – македонски политички договор.

Инаку, Член 5 отсекогаш се однесувал на државните симболи, а член 7 се однесува на официјалниот јазик.

https://vecer.mk/makedonija/sela-ja-isporacha-smetkata-za-poddrshka-na-referendumot-promena-na-preambulata-i-ustavna

Најново од: На прво место

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

To top