Коментари

Мекедонци кои чувале слики и предмети со ликовите на Филип и Александар


Македонска нација

Марина Апостоловска како дипломиран новинар работела во речиси сите македонски медиуми. Во 1992 година во месечникот „ЖЕНА“ почнала да ја пишува серијата „Стари семејства“, која преставува хроника за најзначајните фамилии во Македонија. Записите за старите семејства во тоа време ќе предизвикаат внимание кај читателската јавност.

По одличниот прием, Апостоловска овие текстови ќе ги преточи во книга под истоимениот наслов која ќе излезе од печат во 1999 година. На тој начин, таа ќе ги зачува од заборав сведоштвата на сите оние луѓе, кои во изминатите три века дејствувале на овие простори и имале значајно место во општествено-економскиот и културниот живот за нашата земја.

Текстовите кои говорат за изминатото време и етичките вредности во македонското семејство, чии традиции треба внимателно да се негуваат, сеуште го привлекува вниманието на јавноста. По тој повод ќе ви презентираме извадоци од текстот„Кога животот снима филм“, посветен на семејството Зега, кое потекнува од македонските племиња од Москополе.  Истражувајќи го родословното стебло и осврнувајќи се на животниот пат на семејството Зега, авторот Апостоловска ќе забележи:

„Во 18 век во Москополе, денешна Јужна Албанија, живееле многу сточарски племиња кои тргувале со производи во низините. Со наездата на муслиманите, тие биле принудени да бараат нови простори за живот и со стадата овци, крави, коњи, магариња, почнале да се симнуваат во близината на градовите на Јанина и Тракија, каде што трампеле жита.

Едно од тие племиња го носело името Зега. Тие биле едни од “Мацедонците”, како што во тоа време ги нарекувале Македонците. Уште во својата постојбина Самарина, Зега во куќите чувале слики и предмети со ликовите на Филип и Александар Македонски.  Племето  Зега,  кон  крајот  на   18  и почетокот   на   19 век, најнапред  се  упатило кон Пелопонез, но тамошните староседелци кои зборувале грчки јазик не сакале да ги примат за свои соседи, пред се, поради нивниот јазик. И Зега и другите “мацедонцки” племиња биле нарекувани “вулгарис”, што значело – простаци, поради што не ги примале да живеат со нив…“

Раскажувајќи за судбината на племето Зега, Апостоловска ќе забележи дека тоа најпрво дошло во Лерин каде што купиле чифлик, но потоа се преселиле во селото Загорани, меѓу Битола и Прилеп. Таму купиле чифлик, а главен станал  најстариот Димитрија Зега. Димитрија имал три сина, а по смртта на жената се преселил во Прилеп, каде целосно се посветил на трговијата.  Претежно работел со Грција и со дел од капиталот изградил грчка црква, на која и „денес стои вклесано неговото име.“ Синовите го учеле неговиот занает и патувале со него. Постарите набргу си одбираат нови живеалишта, а со Димитрија останува најмалиот Ванчо.  Меѓутоа:

„Ванчо уште бил младо момче кога умрел татко му Димитрие… Во тоа време од Александрија се вратила сестрата на Димитрие – Константина, жена на еден богат трговец, но која судбината ја оставила без деца. Откако се населила во Битола со огромното богатство и покуќнина, меѓу кои и десетина венецијански огледала и разновиден мебел од ебановина, Константина ја презела грижата за младиот Ванчо Зега…. Нејзиниот маж го подучувал Ванчо во трговскиот занает и тој за кусо време почнал да се грижи за богатството и на татка си и на тетка му Константина….

Богатството растело “како жито во амбар”. Ванчо стасал за женење, а Константина се погрижила на внукот да му ја најде најбогатата и најубавата битолчанка…

Ванчо и Андромахи добиле четири деца – Сократ, Алики, Миха и Клео (Ники), за кои се грижеле дадилки и гувернанти…. Стопанот сеуште одлично тргувал и во куќата на Константина, која умрела некаде во 1910 година се живеело убаво и богато…

…Со почетокот на Балканските војни, Ванчо почнал да работи со војската и покрај работата, да заседнува со офицерите на карти и пијалак. По многу кусо време, комарот му влегол во крвта и тој полека почнал да го расипува семејниот имот. Андромахи успеала да го зачува само накитот што го носеле таа и ќерките, како и неколку сребрени свеќници и еден сребрен тас (сад за служење слатко), украсен со сонцето од Кутлеш. Ванчо го прокоцкал дури и чифликот во Загорани и од големото богатство семејството згазило во голема беда…

Откако војната заврши…, Ванчо, веќе наполно сиромашен човек, забележал дека Михо постојано се метка околу убавата кобила на Милтон Манаки. Бидејќи се знаеле со познатиот фотограф, Милтон му предложил на Ванчо да го земе малиот Михо да му биде чирак – ем ќе си игра со кобилата, ем ќе учи фотографски занает. Михо со задоволство ја прифатил понудата, најнапред поради можноста да биде блиску до кобилата, но со тек на времето тој се повеќе се вљубувал во фотографијата. По неколку години чиракување, Михо станал калфа кај Манаки, а во 1921 година и првиот киноапаратер во киното “Манаки” на Широк-сокак во Битола…

..По женењето, Михо се преселил во куќата на Јелена и по долги години, повторно го почувствувал семејниот живот… Во 1930 година Михо Зега, на конкурс, добива работа на воениот аеродром во Скопје и тие со Јелена се селат во големиот град… По само една година Михо станал ценет фотограф и шеф на секторот за авио-фотографија, ја сликал Македонија од авион, а на младите фотографи им го пренесувал занаетот и им давал сертификати за почнување самостојна дејност…

По војната (Втора светска војна), Михо отворил свој дуќан во Битола и станал ценет граѓанин, кој го вратил дигнитетот на името Зега… Бил голем домаќин, а неговата куќа била секогаш полна со гости. Мераклија за јадење и пиење, тој непосредно до   локалитетот Хераклеја со парите што ги заработувал како фотограф, купил лозје. Само по неколку години копање, наишол на археолошки ископини и државата му го откупила плацот. Тој со парите успеал да купи само велосипед, а археолозите на неговото лозје ги откопале најубавите антички мозаици во Европа и дел од амфитеатарот…“

„Ова е животната сторија на семејството Зега, полна со падови и блесоци, за маката да биде подлабока и убавината повозвишена“ – вака Марина ќе ја заврши својата приказна за семјството Зега. Семејство чии членови потекнувале од “Македонците”, кои во куќите чувале слики и предмети со ликовите на Филип и Александар Македонски и на чиј имот се пронајдени најубавите мозаици на Хераклеја градот на Филип. 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top