На прво место

СДСМ спроведува безмилосно отпуштање од работа на просветни работници низ училиштата во Гостивар

СДСМ спроведува безмилосно отпуштање од работа на просветни работници низ училиштата во Гостивар, а на нивно место вработуваат членови на СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Лоран Страшески

Хаосот во кој секојдневно не втурнува владата на СДСМ, доживува кулминација.

Партиските послушници спроведуваат безмилосно отпуштање од работа на просветни работници низ училиштата во Гостивар, а на нивно место вработуваат членови на СДСМ и нивните коалициони партнери.

Кадрите кои ги отпуштаат се со неколкугодишно работно искуство, со соодветно образование и положени педагошки испити, а и со висок рејтинг помеѓу учениците.

За разлика од нив, новите сдсмовски кадри се без искуство, често несоодветни на работните позиции, а некои се штотуку излезени од факултетските клупи.

Партиските чистки всушност беа изјавени од Зоран Заев, кога велеше дека кога ќе дојде на власт ќе менува од хигиеничарка па нагоре, кое потоа во предизборната кампања го негираше, велејќи и ветувајќи живот за сите.

Ова ли е животот што го најавувавте, господине Премиер? Ова ли е општеството што ќе го градевте, а ќе биде еднакво за сите? Или кога ветувавте, мислевте само на Вашите послушници и истомисленици. Ова ли се најавуваните реформи во образованието? И наместо да се позанимавате со реконструкција на училишните објекти и со подобрување на условите за учење на нашите деца, Вие и Вашите локални претставници, се занимавате со дневна политика.

Ова што СДСМ го прави, отпуштајќи професионални кадри, само го зголемува гневот меѓу популацијата, која за жал во последнава година од Гостивар масовно се исселува.

За сите овие забелешки, како и за сите нерегуларности во образованието во Гостивар, очекуваме да се произнесе и Државниот просветен инспекторат, кој има задача да ги разгледа и санкционира сите неправилности.

ВМРО ДПМНЕ секогаш била и ќе остане за народот.

Правдата мора да победи, а со тоа луѓето да почнат да се чувствуваат заштитени во својата држава, бидејќи нашите деца заслужуваат квалитетно образование и среќна иднина во Република Македонија.

Најново од: На прво место

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

To top