На прво место

Македонија се наоѓа во многу турбулентен период

Мицкоски за хрватски „Вечерњи лист“: Договорот со Грција ја брише Македонија и го менува нејзиниот идентитет

Денес, за голема жалост, Македонија е позната по две работи кои имаат улога во пристапувањето на ЕУ, прво што важи како најкорумпирана земја во Европа, а другото е што има најмал економски раст. Договорот со Грција не е магично стапче кои ќе ги реши сите проблеми, тоа е Пандорината кутија која прави проблеми, вели Мицкоски во интервју за хрватскиот весник

Македонија се наоѓа во многу турбулентен период. На 30-ти септември треба да се одржи референдум на кој народот ќе одлучи за договорот со Грција за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Во ексклузивно интервју за „Вечерњи лист“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за ставот на најголемата опозициска партија за тој договор, пишува „Вечерњи“.

Дали за ВМРО-ДПМНЕ договорот кој го потпишаа владите на Македонија и Грција, за промена на името на Македонија во Северна Македонија е историски?

-За неговата историска големина можеме да зборуваме во контекст на огромната штета која и ја направи на Македонија, отварајќи неповратен процес кој го подрива достоинството и честа на македонскиот народ и земја. Овој договор е резултат на неможноста на македонската дипломатија да донесе квалитетно решение. Уствари, тој не може да се нарече договор затоа што би бил договор, тоа би значело дека е постигнат компромис и дека двете страни ќе се најдат некаде во средина, а прифатен е документ со кој во потполност се прифаќаат сите грчки барања, додека ниту едно македонско барање не е прифатено ниту опфатено во бил кој сегмент од тој договор. Јавноста треба да знае дека тие преговори се одржани во најголема тајно и дека ние како опозиција, не бевме вклучени во ниту еден сегмент, како и дека поголемиот дел од информациите ги дознававме преку медиумите, што е неприфатливо за било која сериозна власт. Премиерот Зоран Заев непосредно пред потпишувањето на договорот, десетина пати јасно и недвосмислено кажа дека нема да поддржи промени на Уставот, кои би бил претпоставка за промена на името Македонија, а денес го прифати баш тоа и уште многу што. Ова е договор кој ја брише Македонија и го менува нејзиниот идентитет. Не слушнав Министерството за надворешни работи и самиот министер за надворешни работи Никола Димитров, да ги демантира изјавите на грчкиот премиер Ципрас, како и грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, кога кажаа дека македонскиот народ не постои и дека народот не бил северномакедонски. Вистината е дека идентитетот не е заштитен, ниту Македонија добива нешто. Македонија го губи институционалниот идентитет, кој е значајна компонента од националниот идентитет. Сите називи на институциите кои го содржат зборот Македонија се менуваат. Тоа би значело дека утре кога ќе игра репрезентацијата фудбал, коментаторот не би смеел да говори за македонска репрезентација, туку за репрезентацијата на Северна Македонија, кога пак ќе го претставуваат ракометниот клуб Вардар, нема да биде македонски Вардар, туку Вардар од Северна Македонија. Така според договорот ќе бидат должни да коментираат македонските коментатори. На крајот, земјата има уставно име Република Македонија кое е признаено од 140 земји во светот, сега тие ќе бидат должни да признаат дека не биле во право и дека ќе треба да именуваат по името кое го договори премиерот Зоран Заев.

Зошто сметате дека договорот со Грција го загрозуваат интегритетот, суверенитетот и идентитетот на македонскиот народ?

-Со овој договор македонскиот идентитет е целосно загрозен. Прво се менува Уставот што лична карта на една држава, а со тоа и самиот идентитет. Многу е едноставно, ако во вашата лична пишува дека сте наречени со тоа име, откако сите ќе ве запознаат, тоа значи промена на вашиот идентитет. Се менува и самиот идентитет кој многу порано е признат од Обединетите нации и се спроведува широка интерцепција, односно наместо Македонци, како што сме сега, со договорот ќе бидеме Македонци од Северна Македонија. Пред малку споменав дека институционалниот интензитет е исто така загрозен. Членот 8 од договорот, кој предвидува основање комисии меѓу двете земји, Македонија и Грција, ќе ја ревидира историјата, археологија и образование, што значи дека дури и да се исполни договорот, Грција ќе има прилика да не блокира во нашата интеграција во Европската унија. Двете тези би требало да би демистифицирани. Прво е дека ќе се живее подобро со решавањето на спорот околу името. Тоа е нешто што не зависи од договорот за името, туку зависи од способноста владата да направи услови и донесе подобар живот. Нема да биде подобро за една година отколку што е сега. Втората лага е дека договорот не можел да биде различен и дека морал да биде на тој начин. Одговорно тврдиме дека не мораше и не требаше да се склопи такво лошо решение. И тврдиме дека ќе постигнеме многу подобро решение.

Кој е вашиот став врзано за референдумот и промената на името Македонија? Верувате ли дека Македонците ќе ја прифатат промената на името Македонија?

-Што се однесува до нашиот став за референдумот, не одлучивме да ги затвориме канцелариите и да го прифатиме личниот став, а да не го слушнеме мислењето на граѓаните, членството, партиските органи и тела. Не сме ни одлучиле ниту договориле ништо зад затворени врати далеку од очите на јавноста, како што владата преговараше за договорот со Грција. Најлесно би било тоа да го направиме, но партиите постојат за народот. И тоа е причина што почнавме голем советодавен процес кој вклучува советување со граѓаните и тоа го правиме низ процесот „Summer Makedonija“, каде имаме повеќе од 2.000 волонтери на терен кои разговараат со граѓаните, слушаат различни мислења и кажавме, кога ќе донесеме став на темелите на тоа истражување, ќе го објавиме во јавноста.

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, јавно кажа дека нема да ја потпише одлуката за промена на името Македонија. Од друга страна, премиерот Заев кажа дека постојат демократски механизми внатре во парламентот за да го променат. Како вие тоа го коментирате?

-Она што можам да го кажам е дека претседателот Ѓорге Иванов потпиша права и обврски, но најголемата обврска е да се почитува Уставот и во тој дух да се делува во склад со тие обврски. Овој спор е противуставен, а претседателот има право да не го потпише. Претседателското влијание е правен механизам, баш како што е правен механизам да не и верува на владата. Во овој момент не гледа каде претседателот го крши Уставот, напротив тој го штити.

Зошто според вашето мислење, Зоран Заев го потпиша тој договор со Грција? Мислите дека САД и ЕУ извршиле притисок врз него?

-Зоран Заев би требало да одговори на прашањето дали САД или ЕУ на него извршиле притисок. Меѓутоа, сметам дека Заев нема можност да ги реши проблемите во реалниот живот на граѓаните, затоа што пред изборите ги крена очекувањата и имаше безброј ветувања, од кои досега ништо готово не исполни. На овој начин сака да си ја продолжи кариерата да би можел да одржи на власт уште неколку месеци, како и понатаму би можел да ја користи моќта на власта, која е изразена во бројот на сомнителни тендери во кои се вклучени четири фирми блиски до владата, како и големото користење на државните ресурси и сериозните злоупотреби на институциите, за кои еден ден ќе мора да понесе одговорност.

Премиерот Зоран Заев кажа дека верува дека и вие ќе го поддржете тој договор затоа што е тоа единствен начин за излегување на Македонија од изолација и придружување на ЕУ и НАТО.

-Договорот со Грција и евроатлантските интеграции се различни теми. Не е точна тезата дека ако се договори, автоматски ќе се движи патот кон евроатлантксата интеграција. Тврдењето дека за десет од потпишувањето на договорот со Грција, Македонија ќе добие од Европската унија датум за почеток на преговори не е точна. Јасно е дека државата ќе мирува уште една година,после што ќе биде проценета ситуацијата како би бил одреден датум за пристапни преговори. Членството во ЕУ не зависи само од тој штетен договор и извештајот на ЕУ покажува дека корупцијата и криминалот станале акутни проблеми во нашето друштво. Денес, за голема жалост, Македонија е позната по две работи кои имаат улога во пристапувањето на ЕУ, прво што важи како најкорумпирана земја во Европа, а другото е што има најмал економски раст. Договорот со Грција не е магично стапче кои ќе ги реши сите проблеми, тоа е Пандорината кутија која прави проблеми.

Најново од: На прво место

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

To top