На прво место

Манојил(Мане)Јаковлески: НЕ СУМ ДАЛ ПОДРШКА ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

mane 1

mane 1

Сакам јавно да го демантирам текстот објавен од страна на порталот ako.mkhttps://ako.mk/%D0%BE% каде на почетокот стои моето име како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кој дава подршка на претстојниот референдум

Јас не сум помеѓу потпишаните на ова писмо, туку моето име е само уфрлено во текстот на самиот почеток и затоа барам од порталот да го корегира текстот така што ќе го избрише моето име.

Веќе подолг период како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ јавно го истакнувам својот став за бојкот на претстојниот референдум, како единствен спас за зачувување на македонската нација и идентитет.

Речиси половина век од мојот живот го посветив на македонската кауза и создавање на независна македонска држава со свој идентитет, јазик и институции.

Многу пати сме читале во историјта колку македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе!

Додека сум жив и додека ме држи здравиот разум, никогаш и по никоја цена нема да поддржам било што, што може да и наштети на нашата држава и нација.

Бојкотирам Референдум!

Најново од: На прво место

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

To top