На прво место

Заев во својата површност и заблуденост лаже кога вели остануваме Македонци

Заев лаже кога вели дека остануваме Македонци и дека државата останува Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев ја брише македонската историја, традиција и култура само за да го прикрие општиот грабеж кој го спроведува тој и неговиот криминален клан.

Тоа не се европски вредности и залудно Заев го лаже народот дека ако прифати да си го смени идентитетот, тој и картелот на власт немало да крадат.

Тажно е кога Зоран Заев вели дека ни требало некаков „камшикар“ од надвор што би ги потсредил сите од него па надолу, за да има некаков европски ред и поредок!

Господине Заев, премиеру на суверена независна Република Македонија. На Македонија не и треба камшикар од надвор. Тебе и на сите оние кои крадат и местат тендери на новоформирани фирми ви треба камшик. Камшикот е народот и правниот систем. За жал правниот систем, цвили под твојата пресија. Камшикот е и администрацијата, ама ја држиш во страв со прислушување признаено од твоите азгани. Затоа камшикот народ, тебе ќе ти пресуди. Тој веќе ги игнорира твоите лажни забави, додека ти го продаваш идентитетот на кило, а државата на парчиња!

Почитувани, Заев во својата површност и заблуденост лаже за народот кога вели „остануваме Македонци“ и дека државата останува Македонија! Тоа го потврдуваат и капитулантскиот текст и Атина. Вели договорот бил корисен, а капитулантски само во главите на вмровците. Исто колку што продажбата на името и промените на Уставот и идентитетот беше во главите на вмровците!

Еве слушнете го Ципрас што вели во Европарламентот. Македонија во иднина вели никој немало веќе да ја нарекува така, а ни народот веќе немало да се декларира како македонски.

https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/pres/zaev-lazhe-koga-veli-deka-ostanuvame-makedonci-i-deka-drzhavata-ostanuva-makedonija

Почитувани,

Ова не е праведен договор базиран на реципроцитет, туку спогодба со која што се прифаќаат грчките црвени линии во целост.

Овој договор, почитувани е монструозен план кој внесува раздор во душата на Македонецот. Заев од Македонецот бара од него иако се чувствува Македонец да мора да каже и да има документи за идентификација кои отскокнуваат од неговото внатрешно чувствување. Па каква врска има тоа со европски вредности и поредок? Европска вредност ли е да се дроби внатрешното душевно чувство на цел еден народ?

Ќе повторам, Во цела низа на членови во Договорот точно се прецизира бришењето на идентитетот – од тоа како ќе биде новото име, промена на устав, документи, како треба да гласи второто име, како ќе гласи националноста и државјанството, го дефинира бришењето на придавките од имињата на институциите, забраната на придавките во комуникацијата, ги дефинира и прецизира сите термини кои ќе смеат да бидат употребувани, па предвидува долготраен детален процес на ревидирање на научни дела учебници и помагала, дури и ревизија на комерцијалните имиња и трговски марки! И на сето тоа Грција добива право во случај на, како стои „грешка, пропуст или превид“, да побара исправка и извинување! Мора да е јасно, Грција нема никаква обврска со Договорот напротив, добива право да се изживува и навредува како ќе им се посака, што впрочем и го прават.

Недвосмислено условите од текстот на Договорот отвораат простор за идни демарши, спорови и кавги од грчка страна, ако преименувањето тука не биде спроведено до последната точка, почитувано дури и во името на некоја граѓанска организација или КУД. Текстот на договорот е прецизен и не остава ништо на случајност. И тоа на Грција и се остава право секогаш да не даде согласност за членство во ЕУ и НАТО. Грција со ништо не е обврзана за давање на согласност за членствата. Заев точно знае што прифатил, и упорно и системски го лаже македонскиот народ. И иронијата да уште поголема, ова само за минливиот и маргинален Заев е знак на пријателство.

Заради едностраноста на договорот, тој не е договор туку акт на капитулација. Кампањата за Северна Македонија е чиста манипулација на македонскиот народ. Народот кој што ќе биде финалниот камшик!

Најново од: На прво место

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

To top