На прво место

Ако сѐ оди по планот, за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот

Ципрас во Европарламентот: Ако сѐ оди по планот, за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова демократија, Манолис Кефалојанис, за тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот договор.

– Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас.

Потоа тој го праша Кефалојанис „како досега ја нарекуваа државата во Европскиот парламент“?

– Сите овие претходни години, кога беше претходникот на Заев на власт, господинот Груевски кога доаѓаше во Европарламентот, како го нарекуваа? Вашите колеги, како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа „од Скопје“? Ова е Европскиот парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот Парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што доаѓа на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата, тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија, рече тој.

Грчкиот премиер истакна дека отсега ќе биде јасно дека Македонија не може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“.

– Не знам дали е ова значајно, но со години Груевски, кој ѝ припаѓа на националистичката екстремна десница ја наполни својата земја со споменици од Александар Велики, во секој град, на секој плоштад и многу други симболи на античка грчка Македонија. Во иднина никој нема да има право тоа да го прави, ни сегашниот, ни идните премиери нема да имаат право да велат дека Александар Велики е дел од нивното наследство. Нели е значајно ова за вас, му одговори Ципрас на Кефалојанис.

Уште поважно, како што посочи Ципрас, секој премиер на оваа земја ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски.

–Досега тоа не се случило, додаде грчкиот премиер.

Ципрас ги критикуваше двете опозициски партии во Грција и Македонија, кои двајцата премиери ги обвинуваат за „предавство“.

– Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд, рече Ципрас.

https://republika.mk/958352

Најново од: На прво место

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

To top