На прво место

Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата

Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата

Зоран Заев и СДСМ се делегитимирани

Политиките на Заев и владата паднаа. Македонија вчера, соопшти, дека договорот не поминува.

Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата и никој друг. Склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека договорот поминува, се обиде да ги прикрие сите криминални афери и преку брутална манипулација и кршење на законите и Уставот проба овој договор да помине кај граѓаните.

И покрај сите закани, уцени, малтретирање на граѓаните и направените списоци договорот со Грција не доби зелено светло.

Граѓаните, оние кои гласаа против договорот, и оние кои апстинираа испратија силна порака дека во Македонија живеат Македонци со македонски идентитет со свој јазик и дека никој нема право тоа да го менува.

Народот, македонскиот народ, граѓаните Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, и останатите покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е и ќе биде на страната на народот.

Македонија вчера не гласаше само против договорот со Грција. Вчера се гласаше против криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, немањето на проекти во здравството, во образованието. Македонија гласаше против бизнисите на Вице на Анѓушев, и за сите неостварените ветувања. Исто така се гласаше и против криминалците кои ги пуштија на слобода токму пред референдумот.

ЕУ и НАТО се стратешки приоритети за ВМРО-ДПМНЕ, но волјата на народот мора да се почитува. Манипулациите на власта и злоупотребите на референдумското прашање ги искривија вистинските вредности околу членството во овие две огранизации.

Народот испрати порака и таа треба да се почитува од премиерот, владата, Собранието, сите партии и од сите пратеници, без разлика на која политичка партија припаѓаат.

Луѓето кои денес не излегоа и кои гласаа против си ја сакаат Македонија, и сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО но се против договорот што го склучија Заев и Ципрас.

Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот.

Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл.

Македонија се изјасни против договорот.

Македонија вечна!!!

Македонија ќе победи!!!

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top