На прво место

Борбата на ВМРО-ДПМНЕ не беше за избори, туку за Македонија

Борбата на ВМРО-ДПМНЕ не беше за избори, туку за Македонија. Доколу Заев сака избори тогаш ќе го поразиме

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Би сакал да ве информирам од текот на денешната седница на Извршниот комитет на партијата која што се уште е во тек, но клучните одлуки се веќе донесени.

Можам да ја известам јавноста дека се разгледа информацијата по однос на одржаниот референдум, актуелната политичка ситуација и се донесоа неколку заклучоци за делувањето во следниот период.

Извршниот комитет донесе заклучок со кој овој референдум го прогласи за неуспешен, имајќи во предвид дека на истиот излегоа само 36 проценти од гласачите што ја покажува јасната волја на народот против прифаќање на овој договор.

Референдумот беше и со бројни нерегуларности. Констатиравме дека согласно анализата направена од нашиот тим преку 50 илјади ливчиња беа уфрлени во гласачките кутии, понатаму се заплашуваа граѓани, имаше обид за поткуп, влијание врз гласачи, кршење на молк и други нерегуларности со што бевме сведоци на едни целосно недемократски и криминален процес и затоа целата постапка на референдумскиот резултат ја прогласуваме за голем фалсификат и резултатот на референдумот не го признаваме.

Во исто време би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање, разместување и бркање од работа на сите оние кои што одлучија да гласаат против или да не излезат на референдумот. Сето тоа го следиме, го документираме и за истото ќе преземеме соодветни мерки. Раководителите кои што тоа го прават ќе одговорат согласно законот. Бараме да се почитува Законот за јавна администрација, а приватните фирми кои што го прават тоа да се занимаваат со сопствениот бизнис а не со притисоци и уцени кон граѓаните кои што имаат право и да гласаат и да не гласаат.

Согласно на ова ИК заклучи дека Договорот од Преспа е политички мртов и е празно слово на хартија.

Извршниот комитет денеска ги разгледа и ги прифати предлозите на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Господин Христијан Мицкоски и донесе неколку заклучоци.

  1. Да се формира во Собранието Анкетна Комисија составена од пратеници. Иницијатива за формирање веќе е поднесена, комисијата која ќе има задача да ги истражува и разгледува сите неправилности и нерегуларности кои се случија на денот на референдумот а се далеку од демократските и европските принципи и веднаш потоа заклучоците да се процесираат до органите на прогонот и оние кои што правеа неправилности пред, на денот и по референдумот да бидат соодветно санкционирани според Изборниот и Кривичниот законик.
  2. Барање за разрешување на актуелниот Јавен обвинител кој е предложен од власта, а не ја извршува својата задача согласно ингеренциите и должностите односно замижува пред очигледниот криминал и нерегуларности пред, на денот и после референдумот. Избор на нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се позанимава со сите овие нерегуларности.
  3. Доколку Заев има намера да распише избори би сакал да кажам дека ќе го победиме. Покрај овие две барања, потребно е веднаш да се почитува договорот и законот за избори каде ќе се формира техничка влада според пржинскиот модел со мандат од 100 дена. Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и министри за внатрешни и за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори.

Во поглед на кадровските прашања на ВМРО-ДПМНЕ, Извршниот комитет денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб и Градскиот изборен штаб на Град Скопје. За претседател на Републичкиот изборен штаб беше избран Генералниот секретар Игор Јанушев, а за претседател на Градскиот изборен штаб на Град Скопје потпретседателот на партијата Владо Мисајлоски.

Најново од: На прво место

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

To top