Бизарно е објаснувањето на Владата дека лубрикантите се набавени за да се делат заедно со презервативи
Набавка на овие лубриканти е потпишана лично од премиерот Зоран Заев. Планирано е да се потрошат верувале или не 95 милиони денари (или 1,5 милиони евра) пари на граѓаните. Како за споредба минатата година оваа програма се финансирала со 11 милиони денари.
Уште побизарно е објаснувањето на Владата дека лубрикантите се набавени за да се делат заедно со презервативи. Ова е уште еден доказ дека луѓето кои се во оваа зграда не знаат кај тераат.
Би сакале од Владата да ни одговорат каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ и како тие ќе спречат ширење на оваа заразна болест?
Или обезбедете бесплатно лекување за сите или одете си од власт доколку мислите да ги расфрлате парите на граѓаните за лубриканти. Македонија веќе не може да ве издржи. Џабе лубриканти
Томи Кепевски