На прво место

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку посредник амнестија и укинување на СЈО што било одбиено од Мицкоски

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Премиерот Зоран Заев, во обраќањето пред пратениците, на седницата за уставни измени кои произлегуваат од Спогодбата од Преспа за промена на името на државата, повика пратениците да си простата за 27 април, кога, како што рече “ќе се испоколевме”.

Ајде вие пратениците од левата страна, подадете рака на оние од десната и вие пратеници од десната страна подадете рака на овие од левата. Ова е вистински момент за прошка. – рече Заев.

Тој рече дека е подготвен да ја плати цената за еден ваков потег и дека знае оти тоа е политичка цена.

Политичарите доаѓаат и си одат, но народот наш и државата ни остануваат засекогаш. –  рече Заев.

Со ова се покажаа вистинити партиските информации од СДСМ дека Заев е подготвен за спас од фијаско со гласањето на уставните измени ,да повика на национално помирување.

Воедно од партиски извори од ВМРО – ДПМНЕ, известуваат дека за големата нервоза кај Заев и брзањето за измените на Уставот говори и фактот што вчера, висок претставник на СДСМ, по одобрение од Заев, остварил средба со еден од потпретседателите на ВМРО – ДПМНЕ.

Претставникот на Заев, покрај споменатите работи, понудил и целосна амнестија за сите дела кои ги води СЈО, укинување на СЈО до крајот на годината, како и заедничко усогласување на реизбор на претседателот на Основниот Суд Скопје 1 и на претседателот на Апелациониот Суд во Скопје.

Ваквите понуди веднаш биле одбиени од страна на раководството на ВМРО – ДПМНЕ како и од страна на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Собранието на Македонија.

Објавил: Мирко Бачиќ

https://www.magazin.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%ba

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top