На прво место

Мицкоски: Ова е најцрниот ден во историјата на Македонија

1111

Денес во Република Македонија се случи тажен ден, црн петок, најцрниот петок во демократијата на современа, независна Македонија.

Имаше луѓе кои се бореа за делото сочувано во идејата за Македонија, и оние кои се бореа против.

Но останува историски траг на кој мора да се биде горд, а тоа е дека народот не ја изневери државата, туку Зоран Заев и неколкумина до него кои ја спроведуваат неговата идеја.

Волјата на мнозинството граѓани потврдена на референдум, дека се против договорот со Грција беше погазена од две третини од пратениците во Собранието. Но и од 8 пратеници од опозицијата, кои тргнаа против волјата на граѓаните.

На ова претходеа информации и сведоштва кои ми беа пренесувани за силни притисоци и закани. Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно дека се дел од прогон кој има политичка намена, да ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор.

Велат дека биле и понудени пари, и дека наместо Собранието да биде храм на демократијата имавме киднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе. Сакам да изразам благодарност и огромна почит за пратениците кои одолеаја на заканите и уцените, вие сте пример како се брани и сака својата земја и својот народ.

Но не сите издржаа на таквите притисоци, и денот кога требаше да се гласа за овој договор, се претвори во лов на пратеници.

За овој нивен чекор, на оние 8 пратеници од опозицијата, без оглед на фактот што и добар дел од нив се опфатени од случаите на политички прогони, тука мислам пред се на СЈО и 27 април, и што над глава им висат сериозни обвиненија кои можеби ќе ги чинат слобода, можеби некој ќе изрази разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам, ниту пак можам да ја разберам нивната постапка. Ние не одбираме кога и каде ќе живееме, тоа е Божја работа, но самите одбираме како ќе живееме, со каков углед и каква чест. А верувајте обврската спрема граѓаните е поголема и поважна од било каков притисок, или закана. Најпосле треба да се биде свесен дека има и пратеници кои исто како и тие што гласаа за уставните измени беа опфатени со политичкиот прогон, но се одважија и гласаа согласно партискиот став и согласно волјата на граѓаните на Република Македонија.

Оние 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните на Република Македонија, кој беше пак партиски став едногласно донесен и на Извршниот Комитет и на Централниот Комитет и во координација со пратеничката група ме разочараа мене, но и тоа не е толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината, и ќе треба со тоа да живеат. Токму затоа вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа вонредна седница и на мој предлог едногласно се усвои веднаш исклучување на овие 7 пратеници од партијата, а тоа се:
• Елизабета Канческа Милеска
• Емилија Александрова
•Нола Исмаиловска Старова
• Сашо Василевски
• Љубен Арнаудов
• Крсто Мукоски
• Зекир Рамчиловиќ
1111Ова денес е акт на насилство на државата. Ова не е одлука на народот туку на корумпираното водство на државата кое се бори за својата фотелја поддржана од структури кои решија да работат во нивна полза.
Почитувани граѓани,

Денес Зоран Заев на сила пристапи кон преименување на државата и реализација на договор со кој се губи името Македонија, се губи идентитетот, ќе се преименува историјата, археологијата, образованието и културата. Договор со кој се менуваат личните документи, лицето на Македонија онаква каква што ја знаеме и онаква каква што ја наследивме од нашите дедовци.

Заев нема мандат од народот ова да го прави. Ова е силување на процедурите, насилство врз државата. Срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам кон Македонија.

Македонија е во тешка ситуација, токму поради оваа гарнитура на власт. Имавме референдум каде имаше фалсификати, притисоци, имаме гласање за договор кое е постигнато со истите принципи. И ова е се друго, само не европски вредности. Затоа што Европа е пред се принципи и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од европските вредности, од членството во НАТО, тоа е нашата иднина и тоа е патеката по која се движиме, но во исто време се покажува дека најголемиот непријател на овие вредности е токму првиот човек на Владата, Зоран Заев.

Затоа што договорот е само праванот, а во позадина се бизнисите, и криминалот кој не престанува.
И многумина ќе си речат ова е крајот, ова е поразот за Македонија, нема иднина веќе овде, не, јас ќе речам ова е почетокот за Македонија, ова почетокот за нас Македонци. Ова почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата срамна улога во нашата историја.

Кој друг ако не ние. Не очајувајте. Мораме да се спротивставиме на ова заедничко зло кое ја гуши нашата земја, на оваа криминална насилничка власт. Не чека напорна работа, и кој друг ако не ние имаме обврска да се спротивставиме. Македонецот се борел, не затоа што секогаш победувал, туку затоа што никогаш не се откажувал. А ние заедно ќе победиме и тоа ви го ветувам.

Затоа почитувани избегаа од избори. Фактот што наместо на избори одлучија со сила и притисоци да ја кршат демократијата и државата говори дека се слаби и очајни. Слаби се и очајни и свесни се за тоа. Заев сега избега од избори, ама ќе дојдеш еден ден, ќе те победам, без разлика дали сега или на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, или кога и да е. Ќе добиеш жестока казна од народот. Било да се изборите сега, или да бидат тие предвремени кога и да се. И верувај ми дека треба да бидеш свесен за тоа.

Најтемно е пред зората, а Гоце Делчев рекол ќе дојде светлото и зората за нас да не огрее, затоа што нашата љубов за Македонија е најголема.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top