На прво место

Што им тежи над глава на осумте пратеници кои гласаа „ЗА“?

1111
Што им тежи над глава на осумте пратеници кои гласаа „ЗА“?

Три пати одложувана, собраниската седница за гласање за предлогот за пристапување кон уставни измени започна синоќа во 22 часот. Во меѓувреме власта успеа да го обезбеди потребното двотретинско мнозинство, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се врши обид за тргување со слободата на дел од пратениците. Кои се причините за премислување на опозициските пратеници да гласаат „за“ уставните измени?

1111На петмина од 8-те пратеници потребни за двотретинско мнозинство, над глава им висат судски процеси.

Откако премиерот Зоран Заев најави помирување, судот во последните четири дена одлучи да го укине куќниот притвор на тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, обвинети во случајот за собраниските случувања на 27 април минатата година. Според судот, понудената гаранција, во имот и пари, била доволна.

Пратеникот Љубен Арнаудов, е пуштен од куќен притвор откако Апелацискиот суд му ја прифати жалбата. Пред Судот тој достави гаранција од 300.000 евра.

Василевски исто така беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од околу 400 илјади евра, одлучи кривичниот совет на скопска единица.

Крсто Мукоски беше последен ослободен, на денот на гласање и тоа без никаква гаранција, туку само со прифаќање на жалбата за продолжениот куќен притвор.

Тројцата обинети, Крсте Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски вчера гласаа „за“ уставни промени.

Елизабета Канческа – Милевска е прво обвинета во случајот „Тендери“ за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, дел од проектот „Скопје 2014“. СЈО ја сомничи дека без почитување на Законот за јавни набавки и без спроведување на јавно наддавање склучила договор со изведувач за дополнителни градежни активности.

Синот на пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, е веќе осуден во случајот „Труст“, за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ. На потег е Апелациониот суд, кој допрва треба да одлучува по основ на жалбите.

„ЗА“ уставни промени од опозициските пратеници гласаа и Емилија Александрова, Нола Исмајловска Старова и Зеќир Рамчиловиќ, а во текот на вчерашниот ден од опозицискиот табор јавно обвинија за притисоци и влијанија врз нивни пратеници, споменувајќи понуди кои се движеле и до милион евра за притиснато копче „за“, што власта го демантираше.

Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмаиловска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Муковски и Зеќир Рамчиловиќ од вчера не се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на вонредна седница ги исклучи од партијата, само еден час откако гласаа да се отвори расправа за уставните измени.

Сања Трајковска Ставров

АЛФА ТВ

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top