На прво место

ММДЧП ги осудува бруталните Западни тактики насочени кон менување на името на Македонија

ММДЧП ги осудува бруталните Западни тактики насочени кон менување на името на Македонија, бара одбрана на Македонија од страна на македонските политичари

Во уште едно нелегално заседание на македонското Собрание, овој пат на 19-ти октомври, 2018 година, пратениците од опозицијата, со особен фокус на жените, беа задржани во Собранието од страна на владата на Зоран Заев, инсталирана од страна на САД, при што беа уценувани, поткупувани и заплашувани со затворски казни – вклучително и за нивните семејства – се’ додека не се согласија да ги следат наредбите да го сменат името на Македонија, нејзиниот идентитет, историја, и идентитетот на милиони Македонци низ целиот свет.

Ова предавничко и нелегално гласање го трасира патот за две понатамошни гласања за промена на македонскиот Устав и име, и понатамошни големи прекршувања на правото на Република Македонија на суверенитет и основно само-определување. Оваа брутална политика и’ е наметната на Македонија од страна на САД и ЕУ со цел да и’ се удоволи на Грција, која пак ветува дека ќе се откаже од своето право на вето за да дозволи отпочнување на преговори за потенцијално членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Наместо да се приморува Македонија да исполнува невозможни услови и да придонесува кон сопственото национално самоубиство и геноцид, Западот можеше да го укине правото на вето на една земја во НАТО и ЕУ, или едноставно да и’ наложи на Грција да не го користи своето право на вето. Но, Западот избра да ја нападне земјата со политичари кои докажаа дека не се способни да се бранат себеси.

Кулминацијата на овие брутални тактики (за сега, иако може да се очекува и повеќе) се случи на 19 октомври, кога американскот амбасадор Џес Бејли не само што беше присутен, туку и даваше наредби за заплашување на македонските пратеници. Американското странско мешање во внатрешната политика на Македонија повторно безочно се спроведуваше.

Откако САД ја поставија нелегитимната македонска влада, Заев и Амбасадата на САД во Македонија им наредија на полициските сили за специјални намени да ги напаѓаат Македонците кои се спротивставуваат на промената на нивното име и идентитет, лажираа избори, затвараа опозициски настроени Македонци, го прекршуваа македонскиот Устав и Собраниски правила, го прекршија законот, отпуштаа луѓе од работни места во јавниот и приватниот сектор, затвораа медиски куќи и го блокираа пристапот до социјални медиуми на сите кои се осмелија да им се спротистават.

Цело ова време, Западот е или соучесник, или молчи.

Четириесет Македонци се притворени минатата година заради предводење на одбраната на меѓународното прави, човековите права и правото на себе-определување. Нивното кривично дело? Тоа што се спротиставија на каква било промена на името на Македонија, нејзиниот идентитет и историја. Бејли и Заев им понудија амнестија (за непостоечни кривични дела) во замена на најпредавничкото дело во македонската историја – глас за промена на името на Македонија за да и’ се удоволи на Грција. (Ова и само по себе е кривично дело, зашто е спротивно на Член 308 од Кривичниот Законик – „ставање на Република Макдонија во подредена или зависна положба во однос на некоја друга земја, се казнува со затворска казна од најмалку пет години“).

Понатаму, женските пратенички беа подложени на физички закани додека не ги прифатија наредбите на Заев, а на преостанатите им се закануваа со затворски казни за нивните семејства под измислени обвиненија за кои би се одлучилно накнадно. Покрај ова, македонското судство е поткупено со пари на САД и ЕУ и секое обвинение досега поднесено против режимот на Заев е отфрлено.

Сега официјалните претставници на САД и ЕУ веќе не го кријат своето мешање во внатрешните работи на Македонија. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, Генералниот Секретар на НАТО, Џенс Столтенберг, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, и најпосле, Помошник-секретарот за надворешни работи на САД, Вес Мичел, ја посетија Македонија за да пренесат прво прикриени, а сега отворени закани. Главната порака е „сменете го името – или тешко вам.“

По отвореното кршење на човековите права и демократијата на 19 октомври, Јоханес Хан дури и се дрзна да напише на Твитер:
„Голем ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои решија да чекорат по европскиот пат. Очекувам дека правото на слободен избор на сите пратеници целосно ќе се почитува, а особено на оние кои гласаа различно од својата партија вечерва. Ни треба државништвно, а не партиски игри.“

Тој одби да го спомне името на Република Македонија. Конкретно зборуваше за „право на слободен избор“, што е отворена лага и делува сомнително како да го кажува некој што си ја има мувата на капата. Ова е очигледно признание дека „изборот“ беше се’, само не „слободен“.

Пред овој најнов предавнички чин, Заев ветуваше референдум за името на Македонија, за да се почитува „волјата на народот“, но како се наближување датумот на референдумот, тој самоволно одлучи дека референдумот не е обврзувачки, зашто виде дека ќе претрпи огромен пораз. Тоа и се случи. 80% од населението го бојкотираше референдумот (20% кои гласаа беа речиси исклучиво Албанци), а Македонците се обединија во одбрана на своето име и идентитет. Па сепак, Заев и ЕУ необјасниво го толкуваа ова како „победа“ (видете ММДЧП им честита на Македонците за тоа што одлучно го отфрлија референдумот чија цел беше да ги смени нивното име и идентитет) и продолжија со притисоците, отворено спротиставувајќи се на наводно скапоцената „волја на народот“. Ова е тактика која постојано се осудува од страна на САД и ЕУ, освен кога тие самите ја спроведуваат.

САД и ЕУ не се плашат од последици зашто истите не постојат. Сепак, за секој случај, тие се’ уште тврдат дека „мешањето на Русија ја дестабилизира Македонија“. Американската надворешна политика се базира на премисата дека „нападот е најдобра одбрана“. Со други зборови, најдобро е да обвините други за вашите непристојни тактики додека ги спроведувате истите, а секоја е побезобразна од претходните.

Македонските политичари се замрзнати. Западните големи сили ја злоупотребуваат нивната неспособност. Тврдат дека не знаат како да го запрат Заев зашто тој има поддршка од Западот. Погледнете ги Уставот на Македонија, Кривичниот законик и Собраниските и Претседателските правила и процедури. Постои мноштво опции да се спречи уништувањето на демократијата, човековите права, владеењето на правото и волјата на народот. Употребете ги. Ако не знаете како или ви е страв, сте избрале погрешна професија. Вашиот избор на кариера води до уништување на МАкедонија – за која се бореле СИТЕ наши предци.

За разлика од македонските политичари, Македонците веќе се на нозе и бараат нашите човекови права и правото на само-определување да се брани одлучно.

За Западот – или ќе ги браните принципите кои тврдите дека ги почитувате, или ќе бидете соучесници во уништувањето на цела една етничка група. Нашето име е Македонија. Кој ви даде право да го менувате?

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top