На прво место

Собраниската одлука е спротивна на задолжителната референдумска Одлука од 1991

доц. д-р Димитар Апасиев

Собраниската одлука за уставни измени не може да произведе правно дејство

Виртуелното создавање на некаков си имагинарен „правен основ“, на мала врата, да се заобиколи народната волја и одлуката на граѓаните од задолжителниот Референдум 1991 во иднина да не биде обврзувачка за Собранието е правно недопустливо и невозможно да се изведе без правење стек на тешки кривични дела од сферата на сериозниот т.н. антидржавен криминалитет, за кои е пропишана максимална затворска казна од 15 години.

Форсираните уставни измени, предложени од Владата на РМ, немаат никаков валиден правен основ и гласањето за нив на т.н. Црн петок, т.е. на ноќната тензична собраниска седница од 19 октомври 2018 година, претставува кривично дело „Саботажа“ – казниво по чл. 315 и „Организирање отпор“ – казниво по чл. 387 од Кривичниот законик на РМ. Уставниот суд на РМ има правна можност во целина да ја поништи контроверзната Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија Бр. 08–6054/1 (Сл. весник на РМ – 192/18) и со тоа да го запре овој нелегитимен и нелегален процес кој е дијаметрално спротивен на народната волја изразена на два референдума: задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018.

Собраниската одлука е спротивна на задолжителната референдумска Одлука од 1991

Собранието на РМ, со Одлуката за распишување на референдум во Република Македонија, распиша задолжителен референдум, на кој македонските граѓани се изјаснуваа за прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија“? Согласно официјалниот Резултат од референдумот во Република Македонија одржан на 8 септември 1991 година Бр. 2–29, со непосредно и тајно гласање се изјаснија 1.132.981 граѓани – или излезноста беше 75,75 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас – со што беше исполнет цензусот за успешност на референдумот! За прашањето за кое се одлучуваше, со ЗА се изјаснија 1.079.308 граѓани [72,16 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас]; a ПРОТИВ 39.639 граѓани [2,65 отсто]. Врз основа на резултатот од изјаснувањето, тогашната Републичка комисија за спроведување на референдумот, утврди дека тој е полноважен – согласно чл. 4 од тогашниот Закон за републички референдум (1973).

Според чл. 5 од споменатиот Закон – преземен како републички пропис со Уставниот закон за спроведување на Уставот на РМ (1991) – „одлуката донесена на референдумот е задолжителна“! Ваквата одредба подоцна беше вградена и во самиот Устав на РМ, како највисок и супериорен државно-правен акт [чл. 73, ст.4 од УРМ]. Во насока на правен континуитет при имплементацијата на задолжителноста на референдумската одлука, слични одредби содржеше и подоцнежниот Закон за референдум и граѓанска иницијатива [1998]: „Собранието не може да донесе закон ако на законодавен (претходен) референдум избирачите се изјасниле против донесување на закон или против начинот на уредување на определено прашање, што би бил во спротивност со резултатите од референдумот. Собранието е должно, во рок од 60 дена по спроведениот законодавен (дополнителен) референдум, да го уреди прашањето, односно законот по кој е одлучувано на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“ [чл. 24 и 25].

Членовите 8 и 30 од најновиот и сè уште актуелен Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (2005) ја потврдуваат задолжителноста на референдумскатa одлука кога станува збор за т.н. обврзувачки референдум, каков што впрочем беше плебисцитот за македонската независност од 1991. Ова значи дека е присутен елементот на коерциција, сфатена како „институционална принуда“ кон државните органи и до пратениците – кои во случајов се само делегати на народната волја – тие да мора стриктно да ја почитуваат одлуката на мнозинството граѓани донесена на референдум, без оглед на нивното лично и интимно согласување или несогласување со неа.

Извор: МКД.мкИзвор: МКД.мк

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top