На прво место

Ципрас: И на Гугл ќе треба да ја бараат Северна Македонија

Ципрас: И на Гугл ќе треба да ја бараат Северна Македонија, договорот ќе помине во Грција

Грчкиот премиер е цврсто убеден дека договорот од Преспа ќе помине парламентот во Атина . Во телевизиско интервју , Алексис Ципрас , објаснува дека за тоа постои расположение и кај пратениците, но и кај граганите.

140 земји ги нарекуваат Македонија, сега ќе ги нарекуваат Северна Македонија. За да ја најдете земјата , на Гугл ќе треба да напишетее Северна Македонија, кога договорот ќе помине. А тој со право ќе помине, затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика, а особено нашите сограѓани од Северна Грција, сфаќаат дека не може Македонија, Солун да стане економска престолнина на Балканот кога со грб е свртена кон соседите.

Ципрас верува дека во одлучувачкиот момент во грчкото собрание дури и остриот противник на договорот Каменос ќе биде во дилема како да гласа бидејќи спогодбата е во интерес на државата. Според него, мнозинството би било уште поголемо доколку лидерот на Нова демократија Мицотакис ќе им дозволи на своите пратеници да гласаат .

Во интервјуто Ципрас вели дека не загрижен поради водството на опозицијата во последните анкети. Напротив тој очекува убедлива победа на Сириза на изборите за европскиот парламент во мај, но и на општите избори во Грција, кои како што истакна ќе се одржат во октомври 2019 година.

https://vesnik.com/balkan/cipras-i-na-gugl-kje-treba-da-ja-baraat-severna-makedonija-dogovorot-kje-pomine-vo-

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top