На прво место

Бојкотирам: Македонскиот патриотизам против бриселскиот фашизам

Во ова мрачно доба на медиумски мрак, купени медиуми алчни за пари!
Доба на наемници, платеници, уредници во служба на клептократите на власт!
Доба на fakenews платенички телевизии кои секојдневно лажат и прават лажна перцепција.

Во ова мрачно доба нам ни остана само креативноста да ја испратиме пораката, Бојкотирам, Апсаана, Не Гласам за промена на името и промена на Уставот.
Се обидуваат да не блокираат, хакираат, цензурираат. Нѐ викаат по полициски станици, ни доаѓаат дома. Нас загари и клептократи не нѐ обесхрабруваат. Мотовација плус, оти цензура владее во Македонија.

Не можете да нѐ замолчите, компромитирате ниту купите.
Не сакаме ниту власт ниту сребро.
Ние не пљачкаме во име на ЕУ и НАТО.
Ние не сме лопови.
Синови и ќерки сме на Македонија. Македонци сме а не Северџани.

Ви го срушивме референдумот.
Ви го зедовме раатот.
Ви ја зедовме легитимноста.
Македонија остана непоразена.
Македонија има свое име.
Името е идентитет.

Нас не нѐ лажете со Европски бајки и Руски закани. Ниту лажните 500 евра и лажен живот.
Оставка неспособни.
Оставка!

Ние не сакаме бирократи и дипломати да ни ја пишуваат историјата.
Вие ли дебелогазовци ќе го менувате Уставот и историјата на Македонија?
Македонија нема цена.
Апсаана апаши.
Апсаана!

Го одбравме патриотизмот наспроти глобализмот на бирократите и неизбраните. Неизбрани од народ, бриселски фашисти ја газат Македонија.
Епа не може.
Ќе се бориме до последен човек.
Во борба за слободна Македонија. Македонскиот патриотизам против бриселскиот фашизам.
Ајде крени глава Македонецу, ова е твој дом. Твоја борба, антифашистичка борба.

Уценети политичари, уценета Македонија. Ги корумпираа за да го променат името и уставот.
Со Арамии ли во ЕУ и НАТО, со Апаши ли? Тоа се вашите вредности?
Тоа е Европа?
Ние во таква Европа не веруваме.
Гласно викаме “НЕ” за лажните вредности на елитни клубови.

БОЈКОТ. БОЈКОТ. БОЈКОТ.

Бојкотирам ви се случи.

Ве повикувам заедно да бојкотираме против уставните промени!
Апсаана за омразените.
Апсаана за клептократите.
Апсаана за наемниците.
Бојкотираме за враќање на суверенитетот и независноста на Македонија.
Бојкотираме насилничкото отварање на Уставот од страна на 80 ненародни предавници!
Ова не е парламент, ова не е куќа на демократијата, ова е БОРДЕЛ на срамот пред кој протестираме!

80 ненародни предавници спротивно на народната воља, гласаа за да си го продолжат лагодниот живот на нашиот грб и со нашите пари.

Фотељи замрсени со иљадници евра украдени на име патни трошоци и куфери полни со глобалистички долари и евра.

Почитувани сограѓани нашата сила е на мрежите, нашата сила е во информациите кои ви ги пренесуваме, сега ни требате и Вие да ни се придружите заедно да ја стопираме оваа ненародна, недемократска власт.

Избравме ПРЕДАВНИЦИ да нѐ владеат.
Тие што денес тврдат дека нѐ претставуваат нѐ излажаа, ни дадоа лажни ветувања и го погазија секој збор што го дадоа.
Злото и корупцијата со нив само се зголемија и мултиплицираа.

Затоа овие внатре и овој парламент за сите нас се НЕЛЕГИТИМНИ и НЕМАТ ПРАВО ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА СИТЕ НАС, за генерациите пред нас и оние по нас.

ИМАМЕ ПРАВО НА САМООДБРАНА имаме ПРАВО да го браниме ОСНОВНОТО ЧОВЕКОВО ПРАВО, а тоа е да постоиме!

Ова е поголемо од партиската политика!
Ова е за да се поврати СТАРАТА СЛАВА!
Ова е за да се спаси нашата ЗЕМЈА и нашиот НАРОД од тие што ни мислат ЗЛО!
Ова е за да се зачува нашата РЕПУБЛИКА!
Ова е за да се зачува нашата СИГУРНОСТ!
Ова е за да се поврати нашата СИЛА!
Ова е за нашиот ЖИВОТ и СЛОБОДА.
Ова е за да ги ЗАШТИТИМЕ нашите деца!
ОВА Е ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Сите ние сме нејзини чеда.
Ние сме ТАТКОВЦИ!
Ние сме МАЈКИ!
Ние сме СИНОВИ!
Ние сме ЌЕРКИ!
Ние сме БРАЌА!
Ние сме СЕСТРИ.
Нас не нѐ интересираат партиите!
Ние сме ОБЕДИНЕТИ за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Ние сме биле, сме и секогаш ќе бидеме ПАТРИОТИ!
Бидете горди патриоти!
Ние се бориме ЗАЕДНО!
Ние се бориме за ПРАВДИНА!
Ние се бориме за СЛОБОДА!
Ние се бориме ЕДЕН ЗА ДРУГ!
Ние се бориме за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
МОРА ДА СЕ ИЗДИГНЕМЕ ПОВТОРНО!
ГОРДИ СМЕ НА СИТЕ ВАС И ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
РЕПУБЛИКАТА Е ПОВТОРНО ОБЕДИНЕТА ОДИМЕ ЗАЕДНО ДО КРАЈ!

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top