На прво место

НЕСТАБИЛНО 2/3 МНОЗИНСТВО: Мијалков уапсен од Алфите додека ја договарал амнестијата со 8 пратеници

НЕСТАБИЛНО 2/3 МНОЗИНСТВО: Мијалков уапсен од Алфите додека ја договарал амнестијата со 8-те пратеници

Сашо Мијалков, вечерта кога бил приведен и притворен, бил домаќин на работната вечера во хотелот Мериот, заедно со групата од осумте одметнати пратеници: Мукоски, Арнаудов, Василевски, Александрова, Канческа Милевска, Авировиќ, Рамчиловиќ и Исмајлоска Старова, пишува порталот Магазин.мк

Ова за порталот Магазин го потврдил еден од присутните пратеници, инсистирајќи на анонимност. Тема на разговор бил предлог законот за амнестија кој овие пратеници го подготвуваат заедно со високи претставници од министерството за правда, но и во консултација со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, сегашен адвокат на фирмата “Кожуфчанка“. Замислата на новата пратеничка група била предлог законот да биде со што поширок опфат, а во однос на тајмингот имале заеднички став да се бараат цврсти гаранции од премиерот Заев дека законот ќе се изгласа пред второто дво-третинско гласање за уставните измени. Мијалков, според нашиот извор, ги уверувал пратениците дека е во редовна комуникација со братот на премиерот Заев и дека се што ќе договорат заеднички ќе биде и реализирано.

Но, на изненадување на пратениците, работната вечера била прекината од припадници на полициската единица “Алфи“, кои дошле, го легитимирале Сашо Мијалков, и во регуларна и коректна атмосфера го спровеле надвор до полициското возило за превоз до притворското одделение во затворот “Шутка“. Претходно, пратеничката Исмајлоска Старова, веќе ставила забелешка дека притворите за Миле Јанакиески и за Кирил Божиновски ги разбира како мерки на политички реваншизам и дека тоа не ја подобрува климата за меѓупартиско и национално помирување.

После притворањето на Мијалков, со уште поконкретни забелешки на таа тема се надоврзале пратеничките Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова. Имено, Канческа Милевска му е многу блиска на Мијалков, а особено продуктивна и тесна соработка имале во однос на градежните работи на објектите од проектот “Скопје 2014“. Емилија Александрова пак му е снаа за братучед на Мијалков и лично тој е заслужен што таа се вработила во Управата за безбедност и контраразузнавање во времето кога Сашо беше директор на УБК. Александрова и Канческа Милевска биле категорични, нема да гласаат за уставните измени во Јануари следната година, доколку владата, Заев и Талат Џафери не го почитуваат договорот кој бил постигнат со посредство на Сашо Мијалков пред првото гласање на 19ти Октомври.

Дел од договорот била амнестијата за Мукоски, Василевски и Арнаудов, преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ, одмрзнување на имотот на фирмите на Сеат Кочан (многу близок на пратеникот Рамчиловиќ), како и заташкување на процесот “Тендери“, во кој првоосомничена е поранешната министерка Канческа Милевска. После притворот на Сашо Мијалков, новата пратеничка група била во сериозна дилема за кредибилноста на договореното, а двете пратенички Александрова и Канческа Милевска категорични дека доколку Мијалков се најде на удар на власта, следниот пат нема да го дадат својот глас за смена на Уставот.

Без овие две пратенички владата би паднала на бројка од 78 пратеници, што е недоволно за со мнозинство од 2/3 да поминат уставните измени. Како златна резерва Заев го смета пратеникот Панчо Минов, кој е многу близок со сопственикот на “Кожуфчанка“, Митко Јанчев. Како и да е, следниве денови е закажана седница на собраниската комисија за помирување, каде членуваат дел од осумте пратеници на Сашо Мијалков, па тоа ќе биде прилика да се слушнат нивните ставови и пораки после новонастанатата состојба со бегството на Груевски и притворот за неговиот братучед.

Извор: Магазин.мк

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top