На прво место

Првата и основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија

Мицкоски:Првата и основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Имено тој го коментираше последниот скандал со прислушувањето на обвинителството и судството кое се случувало во време на министерувањето на Спасовски и целиот период од владеењето на премиерот Заев. Мицкоски на своите сопартијци им посочи дека никој во историјата на Македонија не извршил таков упад во правосудниот систем како што тоа сега го прави Заев, и сега она што се случува не е само уценето обвинителство и судство туку и нарачани и притиснати сведоци кои ќе сведочат по нарачка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за најновите обиди на власта преку „Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ како и нарачани сведочења да го инкриминираат ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме сведоци на нов модел на „Кацарска судство“ кое што го брендиравме и „Рускоска обвинителството“, но денеска еве сведоци сме дека покрај „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе кои што сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него, потенцираше тој.

Мицкоски истакна дека ова има за функција две цели, првата основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување, преку монтирани политички случаи.

За првата цел алармиравме пред извесен период, пред неколку месеци кога кажавме дека практично основна задача и основен проект на СДСМ во оваа нивна влада практично претставува, како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ и како ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да се претстави како злосторничко здружување и на правен начин да се укине нејзиното битисување, бидејќи се плашат. Знаат дека додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе постои опасноста за Зоран Заев и групата околу него да биде казнета за сите овие гревови кои што ги направија и на својата нација и на државата, но и за сите оние криминали кои што ги направија изминатите година и половина, истакна Мицкоски.

Втората цел е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања.

Прават спектакли за да не се збори за чистиот воздух кој го ветуваа, се сеќавате, на водно качени велеа кога ќе паднел режимот ќе се исчистел воздухот, ветуваа и младинска гаранција која никаде ја нема, ги нема инвестициите на „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија, ветуваа и реформирано судство, а добивме корупција која во државата цути и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ кои работат единствено за потребите на Зоран Заев.

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top