На прво место

Се гледаме во недела на Протестен марш во Кочани, и наредната среда во Скопје

Мицкоски: Јас нема да ветам чуда, но ќе ветам победа над црнилата од оваа влада

Зачестено пишувам за фактите кои го разголуваат црното владеење на оваа Влада. Но ова за што пишувам денес, не е само статистички податок, туку многу повеќе од тоа, суров факт за болната реалност во нашата земја и како владата ја гуши слободната мисла и крикот на граѓанинот против овие црнила кои надвиснале на нашата земја, стои во најновиот Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Морам да кажам дека пред да ги споделам фактите имаше размисли од моите соработници да не се отворам премногу затоа што може тоа да предизвика резервираност кај граѓаните, но јас како човек, но и како водач на ВМРО-ДПМНЕ имам обврска да се држам до вистината, и искрено верувам дека карактерот на Македонецот е пред се пркост кон неправдите, и суштината на неговото постоење е безусловна борба за слободата, против сите оние кои ќе ја потиснат, извалкаат или ќе пробаат да ја одземат.
На последниот протест пред владата само споменав, но денес пишувам подетално за работите кои не ги ветија, но ги остваруваат. Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид. Ако на комунистичкиот режим во првите години од минатиот систем им требало барем тројца сведоци, денес на Кацарска судството и Рускоска обвинителството не им треба ниту тоа, доволна е некоја измислена белешка или некое темно мастило од владиниот кабинет да прешкрта некој кој ја говори вистината, или некој нарачан обвинет кој уценет ќе каже се што тие сакаат. И тука ќе испратам една порака до оние од власта и до самиот премиер, нема лезет од таква власт, нема, што би рекле старите аир од такво црно владеење. И не знам како не гледаат дека колку тие повеќе продолжуваат со притисоците со егоистичното самозадоволување од гледањето на туѓата мака, народот станува порешителен, поброен и исправен пред предизвиците. Зад таквата неумерена разузданост на власта се крие всушност голем страв. Ако не се овие методи, тогаш многу побрзо ќе се постави прашањето поразително за оваа власт, што сработеа, зошто живееме полошо и каде одат парите кои се трошат, бидејќи производ, некое добро за народот не останува?, прашува Мицкоски.

Тој во својот статус понатаму наведува дека еден од тие кои беа на мета на таквиот скорешен прогон ми вели, јас не се плашам, зошто јас сум на страната на вистината, но можев да видам дека оние гавази од власта се плашат повеќе, треперат, затоа што секој почеток има и крај, а нивниот доаѓа за скоро. И тоа ми го кажа рамо до рамо протестирајќи вчера повторно пред владата, но овој пат вика тоа го правам со поголема енергија затоа што го распламтија незадоволството. Затоа ќе порачам дека Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ. И во моментите кога ги прават овие неправди може навистина мислат дека остваруваат некакви краткорочни победи, но дури тогаш треба да знаат дека тоа се нивните најсилни порази. Овие црнила ќе бидат победени, затоа што зората ќе изгрее за сите, а светлината ќе биде посилна од ова црно владеење.
Јас нема да ветам чуда, но ќе ветам победа над црнилата од оваа влада.
Се гледаме во недела на Протестен марш во Кочани, и наредната среда во Скопје.

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top