Од денеска блокирање на повеќе крстосници низ Скопје
„Македонија блокира“ од денеска ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.
Сообраќајот од денеска ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.
– Ова не го правиме за личен интерес, или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски од „Македонија блокира“