На прво место

КОМИТИТЕ ПОВИКУВААТ НА ГЕРИЛА АКЦИЈА

КОМИТИТЕ ПОВИКУВААТ НА ГЕРИЛА АКЦИЈА: Чукај за Македонија, нека чуе и нека знае дека само таа ни остана!

Комитите организираат герила акција на еден од најголемите христијански празници, Христово Рождени – Божиќ. Имено тие велат каде и да си на Божиќ дома да си и воедно ги повикуваат граѓаните да тропаат најсилно што можат во 21:00 часот на Божиќ во знак на протест против промената на името.-Христово Рождение – Божиќ, каде и да си дома да си…
Поучени од пресветото монашко братство и нашата Православна Црква да не дејствуваме никако освен пасивно за време на постите посветени на Христовото рождение – Божиќ, ги прифативме сугестиите и како добри христијани лутината ја чуваме во себеси и бараме начини да ја пронајдеме прошката за оние кои и во наше име се самопрогласија за кумови на нашата мајка…
ОТПОР Македонци !!!

Ова не е повик до Комити, ние сме секако тука, ова е повик до целиот Македонски народ заедно со нас да го повтори својот став изразен на денот на Победата, 30 Септември, денот кога се уверивме дека колективната свест е жива, бајракот на Слободата сеуште гордо се вее, идеата за Македонија е вечна, не умира!
Придружете ни се, бидете заедно со нас и вие Комити и Војводи, макар на момент!

Почувствувајте го адреналинот кој поминува низ нас додека ги пееме нашите песни, додека гордо стоиме на браникот на татковината, додека умираме но не се предаваме !
Почувствувајте го нашиот инает, нашата упорност доследно да ги следиме тврдокорните идеали на нашите предци кои до буква и до запирка сеуште стојат исто напишани, непроменети, не еволуирале затоа што не еволуирала ниту идеата за нашето уништување…

Излези момче право на тераса и поздрави ја Гоцевата раса!

Излезете на тераса со шерпите за ајвар, тенџерињата од лутеницата и малиџаното, со кутлачите, истите оние кои ги употребивте веќе еднаш…почекајте, сеуште имаат употребна вредност, но чувајте ги, ќе вредат уште повеќе, чувајте ги затоа што ќе бидат музејски експонати од ендемски вид, единствени историски примероци каде при целото модерно вооружување достапно и на располагање Македонците својата конечна победа ја извојуваа со тенџериња и кутлачи! Нема поинаков начин, не смее никогаш повеќе Македонец да крене рака на Македонец, Македонски куршум да погоди Македонец, не смее Македонска мајка да плаче затоа што изгубила свое чедо во братоубиствена војна…Никогаш повеќе!
ЧУКАЈТЕ МАКЕДОНЦИ!!!

Чукајте најсилно што можете, чукајте и почувствувајте го олеснувањето, чукајте и сетете се дека тоа го правите за Македонија, повторувајте си дека кога требало сте направиле нешто, сте направиле и вашиот став да биде слушнат, од дома, од вашата тераса, заедно со вашите најблиски…Чукајте но на момент намалете го интензитетот за да ги чуете вашите истомисленици, вашите браќа и сестри Македонци кои како вас чукаат, и продолжете, не запирајте…

Почувствувајте како целото тело ви се наежува, како стравот преминува во храброст, како солзите доаѓаат, тешко се држат, капат а притоа чувствувате радост, храброст и гордост, се препознавате себеси, и вие сте Комита како и ние, а можеби и уште поголем Македонец, најубаво е чувството на Слободата!

Слушнете ги тие звуци убаво затоа што тие вредат многу повеќе и од најубавата симфонија, помилозвучни се затоа што се творештво на срцето, како поезија, како најорганизираниот оркестар кој спонтано создава уметност…Доколку слушате убаво ќе го препознаете седум-осминскиот такт кој оваа земја го произведува и емитува силно до целиот свет…

Не им ја одземајте радоста и на вашите деца, дајте им и ним тенџере и лажица, и тие нека тропаат, силно, непрекинато, нека низ нивната радост и искреност биде искажана нашата заедничка радост и болка…Ќе знаат еден ден дека и тие се творци на нашата заедничка победа, ќе бидете горди на нив, но и тие на себеси, нека бидат хероите кои ја ослободиле Македонија…

Исплачете се, викајте силно, нека плачот и лелекот бидат чуени од неа, нашата стара лулка, нашата една мајка, која сите нас не родила…Онаа која ‘од Вардар, Пирин, дур до Солуна, име и е МАКЕДОНИЈА’…

Тропајте за да знаеме колку не има, за да знае и таа, наша мајка колку е сакана, нека чуе и нека знае дека само таа ти ни остана, НЕМА ДРУГА МАКЕДОНИЈА !!!
Да го направиме ова заедно, да видиме што можеме доколку сме сплотени и единствени!!!
Христово Рождение – Божиќ, 7 Јануари, ТОЧНО ВО 21:00ч.

Каде и да си, дома да си…ЧУКАЈ За МАКЕДОНИЈА!!!
ОВА Е НАШИОТ РЕФЕРЕНДУМ, се вели во Соопштението на Фејсбук на Комити.

#СоцијалниМрежи

Најново од: На прво место

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Најнови вести

To top