На прво место

Џејсин Мико: Македонија засекогаш – името останува

miko

jason-miko2Џејсин Мико:Македонија засекогаш – името останува

Во една точка во иднината Зоран Заев веќе нема да биде премиер на Република Македонија. Во една точка во иднината Али Ахмети ќе биде мртов. Во една точка во иднината веќе ќе ги нема сите актуелни водачи на Македонија. Избраните и поставените политичари, лидерите и бирократите доаѓаат и си одат. Нивната моќ и влијание обично си одат со нив. Други доаѓаат на нивно место.

А сепак.

А сепак, што и да сторат некои поединци додека трчаат по реализирање на нивните себични, самоумислени и самоуверени цели –тука мислам на одредени припадници на актуелната група таканаречени лидери на Македонија – вашето име ќе остане исто: Македонија. Името на народот, на Македонците, кои се посебна етничка група и нација, засекогаш ќе остане исто – а ова се однесува и на Македонците кои живеат во Грција, Бугарија, во Албанија и во секоја друга држава ширум светот. Името на вашиот јазик, македонскиот јазик, кој е различен од другите (и кој се говори и изучува не само во Македонија и во регионот туку низ светот) е уникатна карактеристика на македонскиот народ и ги обединува сите што живеат во Македонија и ја сметаат за свој дом, ќе остане непроменето. Никаков договор, колку да е долг или кус, напишан на било каков јазик, нема да го избрише овој факт, се додека постојат Македонија и македонскиот народ.

Се додека постојат Македонија и македонскиот народ, ќе ни остане Македонската православна црква со нејзината богата традиција и историја, да ја велича Библијата и да го слави името на Исус Христос и да ги повика сите верници да ја зачуваат својата врска со Господ Бог, Синот и Светиот Дух.

Се додека постојат Македонија и Македонците, ќе ни останат македонските песни и музика од минатото, песните кои се пеат сега и сите тие се уште ненапишани, единствени, уникатни, креативни и прекрасни, како што се и македонската литература и поезија.

Се додека постојат Македонија и Македонците ќе останат македонската историја, која имаше, сега има и засекогаш ќе има своја определена географија – во која е вклучена и Република Македонија, како и други делови на Европа кои историски гледано биле дом на Македонците, како и разните земји низ светот каде што живееле и живеат Македонци. Историјата на Македонците ќе остане засекогаш.

Се додека постојат Македонија и Македонците ќе остане македонската култура, единствените македонски обичаи, храната и пијалаците кои се карактеристични за Македонија, македонските ликовни уметности, спортските успеси од Македонија…

Безмалку се што ги прави Македонија и Македонците единствен и посебен народ ќе остане.

А сепак.

Имаме документ на 19 страници кој не е поддржан од нацијата; 19 страници хартија беа составени без никаква поддршка од страна на македонскиот народ и неговиот претседател; 19 страници хартија кои претставуваат обид да смилостивите агресор; 19 страници хартија кои агресорот ќе ги протолкува како можност да издејствува се повеќе и повеќе отстапки и да ги негира Македонија и Македонците; 19 страници хартија со кои се прави обид да се избришат македонскиот народ, идентитет, јазик, историја, култура, наследство и се друго; 19 страници… срам. Овие 19 страници го валкаат името на едно од најубавите македонски езера, но никогаш нема да ги избришат Македонија и Македонците.

Низ историјата има една вистина: лошите договори, особено кога се потпишани под принуда, не траат долго. Тие ќе бидат поништени, на еден или на друг начин, и фрлени на буништето на историјата. Тоа ќе се случи и со овој договор. Сите што ја сакаат Македонија ќе го фрлат на буниште.

Членството во клубови како што се НАТО и ЕУ нема да ви донесе смисол во животите, нема да ви донесе мир, просперитет или безбедност, колку и да ве убедуваат во спротивното. Мирот, просперитетот и безбедноста на Македонија и на Македонците зависи од македонскиот народ. За тоа да се обезбеди ќе ви биде потребно многу работа, упорност, решителност, сила и волја. Тоа и ќе се бара од вас, а во случајот на членството во ЕУ, ќе ви побараат и голем дел од вашиот суверенитет.

А сепак.

Целината на еден живот не може да се мери со такви минливи нешта како што е привремено отсуство на војна, или на пари – далеку било. Нашите животи се мерат врз основа на тоа како ги воспитуваме нашите деца, какво наследство им препуштаме, нашите врски – по можност добри – со семејството и пријателите, позитивниот ефект кој го имаме врз тие околу нас. Нашите животи, нашето задоволство од животот, не може и не смее да се мерат со обични предмети. Вистински изживеан живот секогаш постои надвор од материјалните нешта. Македонската ќерка, скопјанката Мајка Тереза, рече дека најголемата потреба на луѓето е да бидат потребни. Сите ние припаѓаме на нешто и сите ние имаме потреба да бидеме потребни. Македонците и припаѓаат на Македонија, а Македонија им припаѓа на Македонците. Таа не може да ви биде одземена.

На крајот на краиштата, што и да пишува во овие 19 страници, Македонците ќе продолжат себеси да се нарекуваат Македонци, а нивната држава Македонија. Македонците ќе продолжат да живеат, да сакаат и да се смеат во Македонија, во Грција, во Бугарија, во Албанија и насекаде каде што има Македонци. Пријателите на Македонија и на Македонците ќе го сторат истото.

А, еве еден факт: мнозинството од светот се уште ќе ве вика Македонија. Зошто? Затоа што Македонците постоеле и постојат долго време и затоа што имаат право, како народ, да решат кои се, како се идентификуваат, каков јазик зборуваат, како се молат и каква култура создаваат.

Се додека ти, Македонијо, продолжиш да ги растеш своите деца и внуци на македонски јазик и со македонските обичаи и култура, за тие да можат да ги растат се уште неродените генерации, се ќе биде добро. Светот ќе ве почитува и ќе ве нарекува според името и идентитетот кои сте си го одбрале: Македонија и Македонци.

Одете сега и растете. И никогаш не престанувајте.

пишува за СВЕСТ.мк: Џејсин Мико

Најново од: На прво место

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Најнови вести

To top