На прво место

Менуваат име за да крадат – потврдено!

Менуваат име за да крадат – потврдено!

Колумна на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за Независен весник

Последниот извештај на „Транспаренси интернешенл“ не е никакво изненадување за мене, а верувам и за мнозинството граѓани на Македонија, од проста причина што корупцијата ја гледаме секаде околу нас. Ја има од најниските сектори, каде што буквално не можете да извадите документ ако не го „почестите“ шалтерскиот службеник кафе, виски или пари, или немате некој близок роднина; преку министерствата, општините, агенциите и владините институции, каде што исто така не се завршува работа без да „се почести“, преку отворената трговија со право и правдина со цел постигнување на политички цели, сè до сомнителни тендери и јавни набавки. Тоа го зборуваат и знаат сите. За жал, тоа е горкото секојдневие во кое живееме. Секојдневие кое не е создадено од вчера, ниту е нешто ново, секојдневие кое постои со години со децении. Секојдневие за кое подеднакво одговорност имаат сите претходни влади, и оние предводени од ВМРО-ДПМНЕ и оние од СДСМ, во кои коалициски партнер се албанските политички партии, а најчесто во последниве две декади, ДУИ. И тука амнестирање од одговорност нема за никого.

Но, исто така, е факт дека оваа влада на Заев на СДСМ и ДУИ, како никоја претходно, беше избрана токму со големо ветување дека ова ќе се промени. Паролите дека мирот не доаѓа без правда беа насочени токму кон борбата со корупцијата. И да – надежите беа огромни да се расчисти корупцијата не само на најниско туку и на највисоко ниво.

Но што гледаме како реалност? Гледаме корупција која цвета диригирана од еден центар на моќ во СДСМ околу семејството на Заев, како и неговите најблиски соработници; и уште еден центар во ДУИ, кој си функционира со години. На тоа секако треба да се додадат неколку поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои лесно го најдоа патот до договор и соработка со оваа власт во замена за политички договори насочени кон обезличување на Македонија и промена на името. Секако, попатно и некоја штета да се направи на ВМРО-ДПМНЕ. Овој систем ја скапува државата, прави луѓето или да се приспособат на него, што народски се вика „да се снајдат“, или да изгубат секаков мотив за напредок и да се слеат во просечноста или да ја напуштаат државата. Оние кои го прифаќаат системот за корупција се сметаат за урбани херои кои „се снашле“, а сите останати за глупави кои немаат такви вештини. Тоа е суровата реалност. Затоа и многу заминуваат. И сè почесто заминуваат високообразовани и квалитетни луѓе. Значи, не како порано оние неквалификуваните што тешко доаѓаат до работа туку цутот на државата си оди, меѓу другото, и затоа што не сака да чека цел ден на шалтер само затоа што нема пријател или родина од другата страна и не сака да однесе кафе или виски.

Што направија Заев и СДСМ да го спречат ова? Ништо! Едно големо ништо! Напротив, го стимулираат и го поттикнуваат. Само во изминатиов период бевме сведоци на повеќе корупциски скандали. Во еден од нив, во март 2018 година, со пари од Чешка, МВР без тендер набави 45 автомобили од фирма донатор на СДСМ. Потоа следуваше уште една сомнителна набавка, Централниот регистар купи автомобили за неколку милиони од истата фирма, а покрај ова фирмата доби и тендер за набавка на луксузна лимузина. Изминатата година бевме сведоци на многубројните тендери што ги добија фирмите на Кочо Анѓушев, кој и покрај неговото ветување дека неговите компании нема да учествуваат на државни тендери, тие аплицираа и добија државни пари. Фирмата ЕДС на Кочо Анѓушев е нов универзален снабдувач на 700 илјади домаќинства со струја во Македонија. Министерот Венко Филипче се обиде да додели тендер од 35 милиони евра на фирма стара само четири месеци, а нејзиниот сопственик има 27 години. Државното „Водостопанство“ објави дека склучило договор за изнајмување 15 возила на пет години, за кои ќе плати 417.000 евра и потоа ќе ги врати возилата. Уште еден коруптивен скандал е кога сопругот на помошник-директорката на секторот за финансиски прашања во Царинската управа добил тендер од Царина за одржување интегрален информативен систем, во вредност од четири милиони денари. А, во Царината се зборува дека ништо не поминува без амин на семејството на претседателот на Владата. Покрај ова, снаа на советничка на Заев добила 330.000 евра од Владата преку Фондот за иновации. Во РЕК „Битола“ на манипулациите им нема крај, а сомнителните набавки не можат да се добројат. И уште многу други за кои ќе ми требаат барем две страни само да ги набројам.

Затоа не треба да нè чуди што Македонија е на срамното 93. место по перцепција за корупција заедно со земји како Гамбија, Гвајана, Косово, Монголија и Панама. Далеку пред нас се Босна, Србија, Бугарија, Грција, Романија, а да не споредува воопшто со Хрватска и Словенија, кои се далеку напред. Некој може да рече дека и во време на претходната влада било така, и се согласувам, но има две работи кои се факт: во 2015, кога цела година се слушаа т.н. „бомби“ Македонија беше на 66. место. Место кое е далеку од добро, но е многу подобро од 93. оваа година. И второ, оваа влада на Заев вети дека од 66. место Македонија ќе биде подобра, а не многу полоша.

Причината зашто е вака како што е, секако е многу едноставна – а тоа е поимањето на власта. Имено, Заев мисли дека со самото тоа што се согласи да го промени името на Македонија и да го одроди национално македонскиот народ има поддршка да си краде колку сака. По секоја средба со претставници на меѓународната заедница, кои искрено сакаат државата да напредува, ги собира неговите најблиски и им вели – еве, гледате, странците се со нас, можеме да правиме што сакаме. Тоа, за жал, ја носи Македонија овде каде што е – земја која корупција силно ја јаде.

И секако да не биде само реторика – ВМРО-ДПМНЕ име сила и знае како да го реши ова, а го покажа со сопствен пример преку отстранување или оградување од оние членови од своите редови за кои има најголеми сомнежи дека ја злоупотребиле власта. Во тек на своето постоење ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави втор пат, гледа кон себе, се прочистува, поминува процес на катарза. Логичното прашање е кога СДСМ ќе го стори тоа, или ДУИ, или друга политичка партија. Ако продолжи вака Македонија Заев може 10 пати да го смени името и нема да има напредок, зашто корупцијата го јаде општеството. Ако до вчера за тоа само се шепотеше, од денес најреномираната светска институција за мерење на перцепцијата на корупција го кажа тоа. Причина плус за предвремени изброи и оваа власт на Заев да замине час поскоро!

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top