На прво место

Груевски-Нормално е некој да замине за да не биде лиkвидиpaн

МОЕТО ДЕЛУВАЊЕ Е ВО СКЛАД СО ИСТОРИСКОТО ВМРО: Кој ќе рече поинаку не прочитал ништо од историја!

Екс премиерот Никола Груевски во ексклузивното интервју за Инфомакс ги коментираше обвинувањата дека неговото бегство не е во склад со идеалите на историското ВМРО. Тој истакна дека кој вели така не прочитал ништо од историја, бидејќи историските дејци на ВМРО секој пат кога нивниот живот бил загрозен ја напуштале државата, да го консолидираат силите за да потоа се вратат и ја продолжат борбата за Македонија.

–Тоа може да го каже само некој што не прочитал ништо од историја. Обратно е секогаш кога животите им биле во опасност, привремено се повлекувале на некое место. Ќе одморат ќе се подготват, пак ќе се вратат да ја продолжат борбата. Најчесто место каде што тогаш се повлекувале било ви Пиринска Македонија, односно во денешна Бугарија, Таму било најблиското засолниште. Многу дејци на ВМРО во кризни ситуации, во тешки ситуации го правеле тоа. Тргнувајќи од Тодор Александров кој што практично голем дел од времето го минува таму откако ќе излезе од леганиот живот. Прави упади во Вардарска Македонија, повремено и пак се враќа. Тој постојано прави упади, тој е теренец.  Не е човек кој само седи и дава команди. Заедно со неговите комити, влегува во акции итн. , но засолнет е најчесто во Пиринска Македонија или некогаш и во Софија каде што му било и семејството. Некогаш и низ други места во Европа одел или да речеме Петар Чаулев кој што е во Милано одреден период. Или да речеме Чакаларов кој што е еден период, година, година и половина не знам точно колку беше престојува во Бугарија ќе се одмори, ќе се засолни, ќе се заштити, па пак ќе се врати на бojното поле. Тодор Паница заминува во Виена, Борис Сарафов е постојано во различни градови што заради работа, што заради засолнување. Работа во смисла на неговата револуционерна дејност.

Нормално е некој да замине за да не биде лиkвидиpaн, вели тој, за потоа да се врати и да ја продолжи борбата!

Infomax. mk

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top