На прво место

Колумна на Џејсон Мико: Кураж за Македонија – и насекаде каде што Македонците живеат

Колумна на Џејсон Мико: Кураж за Македонија – и насекаде каде што Македонците живеат

„Турците владееа тука петстотини години, па ние сепак не станавме Турци, си останавме Македонци. Македонија ќе остане Македонија, а Македонците ќе останат Македонци. Така и ќе останеме: со срце и душа во Македонија“ – Јован Кежаровски, клисар на црквата Свети Петар и Павле, Галичник, Македонија.

Ова е цитат од документарниот филм Името е име, на кој работев пред десет години. Ако не сте го погледнале, ве поканувам да го сторите тоа. Филмот е преполн со искрени сведоштва на Македонци од сите професии, од сите делови на Македонија, и сите ја изнесуваат истата вистина: Нашиот идентитет е македонски и нашиот идентитет како Македонци ќе опстои независно што ни прават Турците, Србите, Бугарите, а сега очигледно и неоконзервативните и левичарските империјалсити од САД и од ЕУ кои пустошеле низ Македонија, а сепак сме останале и засекогаш ќе останеме Македонци.

„Ова се денови во кои се искушуваат душите на мажите“. Вака славниот американски активист Томас Пејн го опиша неговото време во познатиот текст „Здрав разум“, објавен на 10 јануари 1776 година, во кој повика на независност на Америка од Англичаните; американските колонисти ја прогласија својата независност на 4 јули 1776 година. „Здрав разум“ прекуноќ стана сензација низ американските колонии и се печати до ден денешен.

„Ова се денови во кои се искушуваат душите на Македонците“. Ова секако може да се каже за времето во кое живееме. Истото би можело да се каже и во 1903 година, и во 1913, низ 1920-ите години, во 1930-ите, 40-ите, во 1991 година, и повторно во 2001 година. Низ долгата и богата историја на Македонија можеме да најдеме важни дати и настани во кои сте биле пред искушенија. А сепак Македонците поминале низ сето тоа. Маките што Македонците ги претрпеле во минатото ве направиле посилни. Страдањата кои ги претрпевте ве направија подобри мажи и жени отколку пред тоа.

Тука сме денес. Можеме да дискутираме за тоа колку голема е заканата со која Македонија е соочена во овој момент, во споредба со минатите закани. Но, Македонија е пред закана која може навистина да стане голема, егзистенцијална закана. Доколкудозволите тоа да се случи. Македонија и Македонците минуваат низ уште една неправда, и ќе биде исклучително важно да ги запомните поуките од историјата и од минатото, да се присетите на сите маки и искушенија кои се зад нас, како и на сите ваши успеси кои треба да ги надградувате и подобрувате. Во случајот на Македонија имаме јасен приказ за тоа што се случувало во минатото и што се покажало како успешно во заштитата како на македонскиот идентитет, така и на богата култура и наследството на Македонија. Со други зборови, имаме нацрт како да одиме напред и не само да преживееме туку и да успееме.

Добар пример за народ кој се нашол под напад и не само што преживеал туку и успеал да напредува е еврејскиот народ. Државата Израел беше прогласена на 14 мај 1948 година и веднаш потоа соседните арапски држави и прогласија војна, а еврејскиот народ мораше да води уште една борба за опстанок. Пред тој судбоносен мајски ден, еврејскиот народ немаше своја држава цели 2.500 години. И иако историјата на еврејскиот народ низ овие два и пол милениуми не е многу добро позната (општо земено малкумина денес ја прочуваат историјата), добро ни се познати ужасите на Холокаустот. А сепак, Евреите не само што преживеаа, туку и редат успеси до денешен ден. Притоа, тие го благословија светот и сите земји во кои живеат со своите успеси. Тие ја помнат мудроста од минатото. Старозаветната книга Второзаконие (32-7) порачува: „Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија; прашај го татка си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат“.Ова е вреден стих – за сите народи.

Да се вратиме за миг на Пејн, бидејќи сметам дека тоа што тој го пишува може да важи и за Македонија. Пејн вели: „Војникот што сака да војува во лето и патриотот кој е патриот само кога е сончево, ќе побегне од служба на својата земја во време на криза; но тие што стојат исправено денес, тие ја заслужуваат љубовта и благодарноста на секој маж и жена. Тиранијата, како Пеколот, не е лесно да се победи; но нека ни биде утеха дека што потешка е борбата, тоа пославна е победата. Тоа што го добиваме ефтино, малку го цениме; скапотијата им дава вредност на работите. Небото само знае која е вистинската цена на секое добро; би било навистина чудно кога таков ѕвезден продукт како што е СЛОБОДАТА не би бил скапо платен“. Се додека виеја нарекувате својата земја Македонија, и својот идентитет – македонски, ќе ја имате својата слобода.

Македонскиот народ конечно го оствари својот долго сонуван сон за независност на 8 септември 1991 година, кога ја прогласи независна и суверена Република Македонија – ден што ќе живее долго во сеќавањата на Македонците низ светот, се додека се помни и додека се предава од една генерација на друга.

Добро ви се познати предизвиците кои се пред вас. Со нив сте се соочиле и порано, не еднаш, и сте ги надминале. Можете да го сторите тоа повторно. Дајте си кураж едни на други со вистината дека македонскиот народ и идентитет се отпорни и дека сте подготвени да се справите со предизвиците кои се пред вас. Ако верувате дека е така – а јас верувам – тогаш имате долг пред вашите деца, внуци и пред генерациите Македонци кои допрва ќе се родат, да се издигнете на ниво на предизвиците, да си дадете кураж едни на други и, најважно од се, да си ги чувате своите деца, својата црква, својата култура, својот јазик и се што ве прави Македонија и Македонци, како што секогаш сте правеле, и да останете ценети и единствени на овој свет.

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top