На прво место

ОТПИШАНИ ОД ИСТОКОТ, НЕЗАПИШАНИ ОД ЗАПАДОТ

Slobodan Tomik

Slobodan TomikКолумна на Слободан Томиќ ЛИМБО ЗОНА: ОТПИШАНИ ОД ИСТОКОТ, НЕЗАПИШАНИ ОД ЗАПАДОТ

Секоја земја членка на НАТО, вклучувајќи ја и Македонија, мора да ги почитува правилата на играта. Бараше баба да ја фатат на оро за грош, сега орото ја турка бабата, ни за десет гроша не ја пуштаат.

Епа, ќе си ги најде парите Владата и ќе си ги плати… И ќе си остане во тоа друштво… Тоа веќе е апсолвирано и понатаму нема. Вредеше ли да се “вароса куќата“ Македонија, без притоа да се подзамисли дали сигурно ќе дојде до “свадбата“ или сватовите ќе бараат уште мираз за да ја земат невестата?

И би “варосувањето“ или смената на името на државата Македонија во држава Северна Македонија. Ама не било токму така, сменете го името и оп, веднаш сте во ЕУ внатре. Французите се во дилема, како што се и Холанѓаните, дури и Белгијанците за датум за почеток на преговори со ЕУ.

Со еден збор, тоа 30. столче што ни го ветуваше Столтенберг, треба добро да се “загрее“, а потоа задникот на министерката или на примиерот на него да седне…

Со работа и труд, реформи … реформи и само реформи … Пред се, да се реформира целосно духот сопствен, а потоа се по ред … Тоа значи, да се тргнат од ловот на вештерки и останување во коалиција по секоја цена со уценувачи кои воопшто немаат ни грам капацитет од реформи и знаење како да се спроведуваат или имплементираат истите … Понатаму, кога се влегува во некоја зделка, договор, соработка или алијанса, по секоја цена треба да се почитуваат правилата или кодексот на играта … Киријата или “столчето“ се плаќа секоја година … За Македонија, годишмната ќирија за одбраното друштво чини 200 милиони евра. Како и од каде, тоа е наша обврска, наше гајле … Ќе се качи акцизата или ќе се оданочат граѓаните и ќе се соберат парите за ќиријата.

Во секој случај, убаво е да бидеш дел од безбедносниот систем, но дали се запрашавме, можеше ли и поинаку? Вака, со наш камен, по наша глава … Прашњето гласи: Имаа ли нешто в глава политичарите наши за Македонија во изминатите 28. години, или имаа само за нив како да дојдат, да дрпнат и на крај да здувнат. Се’ на се’, тие секогаш се заштитени ѕверки, и ништо нема да им фали … Велат тоа било џентламенски договор, ти мене не, јас тебе нема да те апсам и волкот сит и џебот полн …

Неодамна абер стигна и од Москава, дека се согласиле за името наше ново. Е, па, баравме и добивме. Но, никако не можам да сватам, зошто толку сечење на вени, корнење на коси, зошто грб кон пријателска земја?

Нели народи сме исти, се молиме по исти канони, им се обраќаме на исти светци, се причествуваме на исти празници … Патем, кој ја подели Македонија 1913 со Букурешкиот договор? Па, ќе додадам, ако социјалистот Ципрас оди на поклонение кај железниот човек и простум стои, не можеше “желесниот“ да му шепне два три збора за нас и нашата држава Македонија, да го потсети како и пред една година, дека писменоста доаѓа токму од овие простори …

Од друга страна и Западот на големо со фанфари најави дека без задршка ќе ни го даде резервираното столче во НАТО, без да додаде и потсети, дека не оди токму така работата со “варосувањето“, дека треба пред се реформи … И, така се случи оваа лимбо зона: Од Истокот отпишани, од Западот незапишани …

Уште нешто не можам, а да не спомнам. Најпарадоксалното, најнепринципиелното, најштетното што го сторивме за нас и за нашата Македонија. Имено, Македонија е геополитички мошне важен простор за светската политика и дипломатијата воопшто. Тоа е факт. Македонија е важна кота на сите геополитички мапи. Изгубивме копас од сопствените раце и умови, гледајќи кој како се однесува со нас. Имено, не си ја почитувавме положбата во геополитичките и античките мапи … Знае ли некој од вас како воопшто се викаше овој дел од античката Македонија? Токму така, нашата Македонија била Горна Македонија во старо време. Тоа и Метју Нимиц лично во интервјуто од 2016 ми го потврди, кога го прашав кое име би го предложиле … Тој едноставо рече, Горна Македонија … Значи самиот Нимиц потврди и на свој начин помогна да си ја запазиме автентичноста на нашето постојам. Но, сигурно некому не одговараше сето тоа и ја прифати Северна Македонија, а знамеме со што се врзува оваа име и овој предлог? Кога би го задржиле фактот Горна Македонија, тогаш никој немаше право да ти го шкртне правото да се нарекуваш Макаедонец, а не национален. Цел свет ова го знае, само не ние Македонците! Тогаш ќе бевме во ситуација на најдостоинствен начин да аплицираме каде и да сакаме, без да се срамиме и омаловажуваме, без да внимаваме како ќе се изјаснуваме за нашиот јазик, нашиот идентитет, нашиот код … со еден збор не ќе бевме новородени … Како што кажав цел свет го знае кодот македонски, само ние самите не од незнаење, неинформираност и едноставно од незаинтересираност си го избришавме биолошкиот код од Бога даден.

Отсуството на националната стратегија по сите основи и прашања содадоа ваков галиматијас во главите на секој. Останвме без решение за излез од ќорсокакот.

Најпрвин со носењето на одлуката за независност на Републиката во 1991 не си ја обележавме достојно сопствената територија, ниту со еден симбол, мислам знаме. Каде и да одите денеска насекаде со гордост ќе го видете знамето на државата во која престојувате, освен во Република Македонија се’ до 2006 година. Сепак, се случи тоа … оти кога не е обележена територијата со национални симбили таа е дива градба и секој ќе си прави што сака со платформи, до небодери … Отсуството на национална стратегија создаде мафијата да си има своја држава, и покрај познатата секоја држава има своја мафија. Во Македонија мафијата си има своја држава.

Отсуството на национална стратегија е резултатнат од недефинираност за сопствена татковина. Ние, имавме политичари кои само со задниците беа во Македонија, а со срцето и душата, кој во Софија, кој во Приштина и Тирана, кој во Белград, некои и во Атина, но тие воглавно дефинирани за хотели, хациенди, схор компании, лог бизниси. Се’, само не желба за сопствена држава и нејзина целосна независност. Ден денеска таа дијагноза е присутна, дали е реакција од некое проклетсво или некоја клетва?!

Отсуството за национална стратегија, напредок и просперитет создаде полесен пристап кон сценариото на модификација или бришење на биолошкиот македонски код. Едоставно, дрчноста за власт и убави дебели и мрсни конта во светски банки, дефинира многу новокомпонирани “бнизнисмени“ спонозорирани од силни мецени кои во старт потпишаа “договор за соработка“ за извршување на улогата “марионета“.

Се’ на се’, отсуството на анционална стратегија нема напредок. Исто е и со едно семејство. Кога секој член од семејството трга на своја страна со свое ќесе, и не го засега за домашниот буџет, тогаш ништо од таа куќа, од тој дом, од тоа домаќинство, нели?

Понатаму, кога го ставаш под нозе националниот интерес и стратегија и си подготвен се’ да сториш на штета на “куќата“ или домот, во случајот со државата подготвен си и за некоја “напојница од стотина милиони евра“, или место во политиката, или да бидам искрен и за помизерна понуда, патување во странсто, објавување на книга или “апартмани“ на Егејот или Женевско езеро и слични дестинации, тогаш си подготевн не само државата туку и спствените деца и татковина.

Со еден збор, влегувате во миксер и ве прават тесто. Потоа ве токмат во кукла со која си играт додека не ве фрлат повторно во печка.

Клиентелизмот, збор многу често употребуван како и претходно антиквизацијата, ја дефинираа сегашната слика на новокомпонираната држава Северна Македонија ..

На крајот на денот и на крајот од мисијата, останува да се запрашате, која е вашата мисија на овој свет? Каков ќе биде нашиот третман кога едноставно на наједноставен начин самите си ја дефиниравме сопствената слика и живот?

Кога веќе влеговме во НАТО нема друга алтернатива, туку да ги следиме посилните од нас, бидејќи алтернативи нема … Еднаш да извлечеме заклучок и суд, а тоа е достоинството можеме да си го повратиме единствено доколку бидеме единствени и мудри во играта која ни беше наметната од марионетите и кукларите, оти еден ден ќе им помине и ним силата на присила. Има и такви, кои не се по секоја цена ќе ги подредат работите како што треба, но дотогаш да покажеме единство и човекољубие меѓу нас самите, во спротивно и натаму ќе бидеме од Истокот отпишани, а од Запад незапишани. Или ќе си се самоуништиме во таканаречена лимбо зона.

Пишува За СВЕСТ.Мк – Слободан ТОМИЌ

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top