На прво место Култура и туризам

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора пристигна во Штип

Преписот на една од најпочитуваните православни икони трајно ќе остане во храмот „Свети Димитрија“ во Ново Село како духовен благослов за градот и верниците

Штип денеска беше исполнет со молитва, духовна радост и свечена атмосфера по повод пристигнувањето на преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора.

Во присуство на голем број верници, свештенослужители и гости, иконата беше свечено пречекана пред храмот „Свети Никола“, каде што беше отслужена света литургија. Преписот на чудотворната икона во Штип го донесоа монасите од светогорскиот манастир Хиландар, носејќи благослов од едно од најзначајните духовни средишта на православниот свет.

По свечениот пречек, низ улиците на градот беше организирана литија во која учествуваа бројни верници, следејќи ја иконата во молитвено и достоинствено расположение. Поворката заврши во храмот „Свети Димитрија“ во населбата Ново Село, каде што иконата беше внесена за поклонение.

Од Брегалничката епархија информираа дека преписот на Пресвета Богородица Троеручица трајно ќе остане во Штип. Верниците ќе имаат можност секојдневно да се поклонуваат пред светата икона и да ги упатуваат своите молитви за здравје, мир, благослов и духовно укрепување.

Иконата Троеручица има посебно место во православната традиција и е една од најпочитуваните свети икони во православниот свет. Нејзиното пристигнување во Штип претставува значаен духовен настан за градот, Брегалничката епархија и за сите православни верници во Македонија.

Најново од: На прво место Култура и туризам

Културното наследство во Пиринска Македонија–вековен печат на македонската традиција

Атанас Кирјаков Пиринска Македонија претставува еден од најбогатите историски и културни простори на Македонија. Во овој крај се сочувани бројни археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, традиционални куќи, народни носии, песни, ора и обичаи што сведочат за континуитетот на животот и културата низ вековите. Од античкиот град Хераклеја Синтика кај Рупите, преку духовните центри околу […]

ДЕЛ ОД ЦРКВИТЕ И МАНАСТИРИТЕ СО ИМЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Ова значајно монографско дело е посветено на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија, проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот и дело. Со оглед на […]

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Македонскиот „Стрип-креатор“ во трка за престижна награда на фестивалот „Супертун“ во Шибеник

Јубилејниот 40-ти број на единственото македонско списание посветено на деветтата уметност е номиниран во главната конкуренција за најдобар стрип-магазин на меѓународниот фестивал во Хрватска Македонската деветта уметност има свој претставник на престижниот Меѓународен фестивал за анимација и стрип „Супертун“ (Supertoon), кој од 20 до 24 јули се одржува на повеќе локации во Шибеник, Хрватска. Списанието […]

Стоби – античкиот град што ја раскажува историјата на Македонија

На местото каде што Црна Река се влева во Вардар со векови се развивал еден од најзначајните градски, трговски и духовни центри на античка Македонија Во срцето на Македонија, во близина на денешно Градско, се наоѓа археолошкиот локалитет Стоби – нем сведок на повеќе од илјада години непрекинат живот, подеми, разурнувања и цивилизациски промени. Остатоците […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

To top