На прво место

Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби во Министерството за земјоделство

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната собраниска седница оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и неиздржана, нагласувајќи дека министерот со факти и аргументи ги побил сите обвинувања изнесени против него.

Стојаноска направи споредба меѓу резултатите од двегодишното работење на Трипуновски и работењето на неговиот претходник Љупчо Николовски, истакнувајќи дека актуелниот министер презел конкретни чекори за расчистување на неправилностите и злоупотребите во ресорот.

„Раст на извозот на земјоделски производи за 25 проценти во 2025 година во однос на 2024 година, позитивен трговски биланс од 215 милиони евра меѓу извозот и увозот на земјоделски производи, како и зголемување на откупот и продажбата за 15 проценти во четвртото тримесечје од 2025 година во споредба со истиот период претходната година. Обезбедени се 250 милиони денари за Македонски шуми и 100 милиони денари за Водостопанство“, истакна Стојаноска.

Таа посочи дека се воведени построги критериуми во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, со цел средствата да се распределуваат наменски и транспарентно.

Според неа, склучени се 57 договори за набавка на специјални комбајни за жнеење ориз, започнала нова дигитална ера во македонското шумарство, а значително е зголемен и интересот за мерките за поддршка на младите земјоделци.

„На јавниот повик за млад земјоделец пристигнаа 254 апликации, а беа одобрени 117. За споредба, во 2023 година биле поднесени 44 барања, а исплатени само 18. Дополнително, шумските полицајци добија бенефициран стаж, односно за 12 ефективни месеци ќе им се пресметуваат 16 месеци стаж“, рече Стојаноска.

Во своето обраќање таа се осврна и на, како што наведе, низа злоупотреби и скандали откриени во периодот кога со Министерството раководел Љупчо Николовски. Стојаноска ги спомена случаите со отписот на околу 2.000 тони јачмен и пченица од државните стокови резерви, заобиколувањето на Платежната агенција при распределба на грантови за т.н. мали семејни винарии, како и незаконски договори за земјоделско земјиште вредни стотици илјади евра.

Стојаноска нагласи дека суштинската разлика меѓу актуелното и поранешното раководство на Министерството за земјоделство е во односот кон откриените злоупотреби и начинот на кој институциите реагираат.

„Разликата е што денес се отвораат случаите за кои порано се молчеше. Наместо заташкување, институциите постапуваат, а граѓаните конечно добиваат увид во начинот на кој се трошеле државните средства“, истакна Стојаноска.

Таа порача дека јавноста има право да знае каде завршувале парите на граѓаните и дека секој што ја злоупотребил функцијата треба да одговара пред надлежните институции, додавајќи дека токму затоа СДС нема кредибилитет да зборува за отчетност и одговорно управување со земјоделскиот сектор.

Според Стојаноска, интерпелацијата е обид СДС да избега од сопственото политичко наследство во земјоделството и да ја префрли дебатата од скандалите што се отворија во јавноста. Таа оцени дека наместо аргументи за наводите во интерпелацијата, опозицијата избегнува да одговори на прашањата поврзани со состојбите што ги оставила зад себе во ресорот и се обидува политички да ја дефокусира јавноста.

„Фактите и бројките презентирани од министерот Трипуновски јасно покажуваат дека интерпелацијата нема реална основа. Граѓаните можат јасно да ја видат разликата меѓу периодот на скандали и сомнежи за злоупотреби и периодот во кој се реализираат проекти, се зголемува поддршката за земјоделците и се бара одговорност за секој утврден пропуст“, истакна Стојаноска.

Таа потсети и на случајот со кредитот од 80 милиони евра од КФВ банката наменет за инвестиции во водостопанството.

„Државата исплатила 2,2 милиони евра само по основ на камати, бидејќи пет години не биле преземени потребните активности по склучувањето на договорот. Тоа значи дека СДС имале втор Груби, но во Министерството за земјоделство“, порача Стојаноска.

Најново од: На прво место

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

To top