На прво место

СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН КАТОЛИЧКИОТ ВЕЛИГДЕН ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1vel1

1vel1

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА

Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на Христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. 

Се смета дека Ерусалим како дом на три религии, несомнено е многу блиску до небото, бидејќи токму таму човек може да биде сведок на сопственото духовно издигнување, да најде мир и да се доближи до Бога да биде поттикнат да ги почитува и туѓите религии, зошто верувањето во Бога е исто и за Евреите, и за христијаните и за муслиманите.

На Велигден во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира Христовото воскресение, по полноќ Црквата на Светиот гроб во Ерусалим се исполнува со светлина од свеќи – симбол на воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува „Христос воскресна“ и одговорот „Вистина воскресна“.

Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Република Македонија Католиците традиционално го слават во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. По тој повод во саботата на 16 април 2022 година се одржа света Велигденса литургија која ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов, во сослужение на бројни свежтенослужители и Црковниот хор од Католичката црква.

На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски и поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Во своето обраќање бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов меѓу другото рече:

Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина, и поголемиот дел од тоа време на пост, молитва и добри дела го поминавме следејќи ги медиумите и извештаите за тоа што се случува со нашите браќа и сестри во Украина. Пред нашите очи се милиони бегалци, илјадници страдалници, жртви на војната, убиени луѓе по улиците на украинските градови, уништени домови и луѓе на улица со крици во устата и солзи во очите. 

Како браќа по вера, не можевме да се оглушиме, а да не го слушнеме гласот на киевско – халичкиот врховен надбискуп Свјатослав Шевчук, кој повикува и моли за својот народ, но во исто време укажува и на одговорноста на целото човештво. Тој постојано го повикува светот активно да работи на спречување војна и заштита на праведниот мир. Тоа е гласот на човек соочен со неволјите на војната, страдањата на својот народ, уништувањето на неговата земја: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!“ (Јов 6,2). 

1vel12

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов  

Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите. 

Нашата вера и сета наша надеж почиваат на оваа сведоштво на првите сведоци на Христовото воскресение. Исус е жив! Бог го постави да им суди на живите и мртвите! Тој е Судија и Спасител. Кој верува во Него, ќе живее и во негово име ќе прими простување на гревовите.

За време на појавувањето Исус ги поздравил своите ученици со зборовите: „Мир вам!“ 

Да го замолиме во оваа време Неговиот збор да допре до свеста на сите оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила, кои внесуваат немир и раздор, да се откажат од гревот и во името на Бога да почнат да прават добро и да работат на воспоставување мир и правда меѓу сите луѓе и народи во овој свет чии сопственици не сме ние, туку го примивме како подарок што можеме да им го пренесеме на генерациите по нас. Нека и нам Воскреснатиот Исус ни ги отвори очите да поверуваме, бидејќи во спротивно ќе се соочиме само со неодговорени прашања. На сите Ви посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Амин. Алилуја!, рече скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.  

1vel13

Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Инаку, Като­лич­ка­та црква во Македонија е една црк­ва со два об­реда, поради што се вика Католичка, што значи оп­­шта, од­носно заед­нич­ка црква. Според тоа, като­лич­ки­те верници и хра­мови од источен об­ред во Ре­пуб­ли­ка Македонија се присутни нај­мно­гу во струмичкиот крај, од­носно, во градот Струмица, во Радово, во Но­­ва Ма­ала, како и во Гев­г­елија, Богданци и Стојаково, доде­ка ка­то­ли­ци­­те од рим­скиот обред се нај­бројни во Скоп­је, Битола, Охрид и во други места.

Во текот на повеќе векови, христијаните во Ма­кедонија, како и на другите ближни и далечни просто­ри исповедувале заедничка и оп­што­прифатена вера, што збо­рува дека и Православната и Католичката црква ег­зи­стираат на овие простори од тогаш до денес. Меѓу­тоа, поради различните култури, начинот на разми­слу­вање и други причини, по­дел­бата на православни и ка­толици во смисла на верска поделеност, како и во светот така и во Македонија, постои од 1054 година.

Во борбата за црковно ослободување од ели­нис­тичкото (грчкото) влијание, покрај националниот дух кај ма­ке­донскиот народ се буди и духот за црковна независност од Цариградската патријаршија. По неуспешното ба­­­рање сојузник во разни независни цркви, обидот за ос­­ло­бодување од јурисдикцијата на Цариградската па­три­­јаршија завршува со унијата, од­нос­но соединување со Католичката црква во 1859 година.

А, унијатство­то во Ма­кедонија, термин што во последно време е заме­нет со сое­ди­ну­ва­­ње се појавило како резултат на опште­ствените, економско-поли­тич­ки­те, социјалните, кул­тур­ните, црковните, образовните и други (не)при­ли­­ки. За­тоа, Македонците често се обраќале до римските папи за по­кро­­вителство преку прифаќање на црковната ју­рисдикција на Римо­ка­то­личката црква, а со цел да се ос­ло­бодат од Цариградската патријар­ши­ја. Својата кулминација ова движење ја постигна во педесетите годи­ни од 19-от век.

Инаку, првата унијатска црква, односно Католичката црква од ви­зан­тиско-словенски обред во Македонија, е формирана во Кукуш во 1859 го­дина, позната како Ку­кушка унија или Кукушко соединување, во која членува­ле голем број видни македонски преродбеници. Тоа, всушност, било движење за отворање на училишта на македонски јазик, или на јазикот на кој зборувале Македонците во кукушко-солунскиот регион. Уни­јат­ството, односно соединувањето било движење за еман­ципација и ослободување од грцизмот, односно црков­но-просветно движење про­тив елинизмот (грцизмот) што во тој пе­ри­од имал широки размери во Македонија.

Денешната Католичка црква со источен обред во Ре­публика Македонија на чело со бискупот д-р Киро Стојанов е организирана во пет енории и три филијали и тоа: во Богданци, Гев­ге­лија со филијала во Стојаково, Нова Маала со фи­лијала во Чанаклија, потоа Радово, како и Струмица со фи­ли­јалата во Петралинци.

1slave 1Пиѓува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top