Настанот на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид, со цел афирмација на македонската вистина, наследство и иднина.
Со особена чест и радост ја споделувам најавата за третото издание на „Гласот на вечноста“, кое ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид.
Охрид не е случајно избран. Тој е духовна, културна и историска светлина на Македонија, место каде што нашите корени зборуваат најсилно и каде што македонската традиција, вера, писменост и култура имаат длабока и вечна трага.
Овој настан, во организација на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА, ќе ги поврзе науката, духовноста, културата и јавниот дијалог. Со свое поздравно обраќање на вечерта ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов.
Целта на „Гласот на вечноста“ е да ја афирмира македонската вистина, нашето наследство и нашата иднина. Во време кога идентитетот, историјата и културната меморија имаат особено значење, ваквите настани претставуваат важен придонес во зачувувањето и достоинственото претставување на македонското име, дух и традиција.
Срдечно ги поканувам сите кои можат да бидат дел од оваа значајна вечер во Охрид.
Добредојдовте на „Гласот на вечноста“.