Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика.
Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација?
И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот?
За Илирите да зборуваме со извори. За Албанците во Македонија да зборуваме како за луѓе со кои ја делиме истата судбина во оваа земја. Нивното достоинство не зависи од тоа дали некој политичар како тебе ќе им најде потекло од антиката.
Македонците, Албанците и другите во Македонија имаат многу заедничка потреба. Кога во едно село нема вода, истата чешма е сува за сите. Кога младите си заминуваат, во истата општина остануваат празни куќи. Затоа сите сакаат да ги слушнам одговорите. Кога ќе има вода? Што направивте за младите да имаат причина да останат во Македонија?
Али, знаеш добро дека Македонија е земја на Филип и Александар Македонски, земја што го чува и го продолжува делото на светите Кирил и Методиј, на свети Климент и свети Наум. Земја што низ вековите им дала на соседите повеќе отколку што успеала да зачува за себе.
Низ вековите се менувале империи, граници и управи, Македонија опстоила и ќе опстојува за век и веков.
Али не ги провоцирај Македонците! Македонија е име испишано со мастило.
За човекот што заминал од Македонија, кога во туѓина ќе го прашаат од каде е, ќе каже дека е од Македононија, без разлика дали по националност е Македонец, Албанец, Србин, Бошњак, Турчин, Ром или незнам дуго што се чуствува по националност, тоа е негово определување или чуство се едно, тој е од Македонија.
Оваа приказна ја раскажав во една претходна колумна. Ќе ја повторам за оние што не ја прочитале и за оние што не сакаат да ја разберат вистината, зашто вистината боли.
Кога Господ ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала долга редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, трети планини и реки.
Господ ги сослушал сите и секому му доделил парче земја. Кога завршила поделбата, еден ангел Му пришол.
— Господе, надвор има уште еден човек. Мирно стои и чека.
— Повикајте го — рекол Господ.
Човекот влегол, се поклонил и застанал пред Него.
— Кој си ти и што чекаш? — го прашал Господ.
— Јас сум Македонец, Господе. Дојдов да побарам парче земја за мојот народ.
— А зошто не влезе порано?
— Имаше турканица, Господе. Почекав да поминат другите.
Ангелите се погледнале.
— Но, Господе, сè е веќе поделено. Нема повеќе земја.
Господ го погледнал Македонецот.
— За него ќе одвоиме дел од Мојот рај.
— Зарем дел од рајот ќе му дадеш, Господе? — се зачудиле ангелите.
— Да — одговорил Господ. — На Македонецот ќе му дадам дел од рајот. Ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!
Господ, како и секогаш, бил во право со нашите соседи до ден денешен.
Низ вековите некои наши соседи посегнувале по нашата земја, други присвојувале дел од нашата историја и култура. Но сме опстоиле како Македонци и како Македонија.
АЛИ, ПРЕСТАНИ СО ПРОВОКАЦИИТЕ, НАВРЕДИТЕ И ИЗВРТУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА.
АЛИ, НЕ СМЕТАЈ ДЕКА АМЕРИКА ВЕЧНО ЌЕ СТОИ ЗАД СЕКОЈА ТВОЈА ПРОВОКАЦИЈА, СÈ ШТО ИМА ПОЧЕТОК ИМА И КРАЈ.
НИЕ СМЕ ОПСТОИЛЕ И СО ГОСПОД НАПРЕД, ЌЕ ОПСТОИМЕ.
МАКЕДОНИЈА Е ЗАПИШАНА ВО ВЕЧНАТА КНИГА И ВО СРЦАТА НА ОНИЕ ШТО ЈА НОСАТ КАКО СВОЈ ДОМ.
НИТУ ТИ, НИТУ НЕКОЈ ДРУГ МОЖЕ ДА ЈА ИЗБРИШЕ.
ГОСПОД ИЛИ АЛАХ СЕ ЕДНО, ЌЕ НИ СУДИ НА СИТЕ СПОРЕД ДЕЛАТА.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
АМИН!