На прво место

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти

По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја најавуваат за јуни годинава, а за сите овие активности се обезбедени 720.000 денари.

Oсновните проекти за реставрација на фрескоживописот на старата црква „Св. Атанасиј Велики“ во гевгелиското село Габрово веќе се изработуваат, а наскоро ќе следи и реализацијата, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на објектот кој неодамна се вброи во спомениците на културата.

По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја најавуваат за јуни годинава, а за сите овие активности се обезбедени 720.000 денари.

Посетата на црквата министерот Љутков ја оствари заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и митрополитот на Повардарската епархија, г. Агатангел.

Министерот за култура и туризам нагласи дека станува збор за значаен сакрален објект со вреден фрескоживопис и иконопис, кои сведочат за богатата духовна и уметничка традиција на овој крај и чија заштита ја потврдува силната определба на ресорното Министерство за унапредување на состојбите на културното наследство.

Министерство за култура и туризам

– Заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, извршивме увид во подготвителните активности за конзервација и реставрација, на фрескоживописот и архитектурата на црквата од страна на стручни лица од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Овој проект е резултат на заедничка иницијатива со локалната самоуправа и е пример како преку партнерство обезбедуваме долгорочна заштита на културното наследство, но и нови можности за развој на културниот туризам, изјави министерот Љутков при денешната посета.

Градоначаланикот Сарамандов потсети дека иницијативата за реставрација на старата црква произлезе од жителите на Габрово, а потоа беше прифатена и од надлежниот митрополит г. Агатангел, па што следеше одлуката на Советот на општината на која објектот се вброи во спомениците на културата.

– Посебна благодарност до Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, за препознавање на важноста на овој проект и негова финансиска поддршка за реализација. Како градоначалник сметам дека ова е уште еден значаен потег за зачувување на нашето културно наследство, истакна Сарамандов.

Со овој проект, како што посочи тој, Гевгелија добива уште една точка на мапата и значајна локација за туристичка промоција на градот.

Црквата „Свети Атанасиј Велики“ која е изградена од неимарот Андон Китанов во 1851 година, а фрескоживописана во втората половина на 19 век од Димитар Андонов – Папрадишки, поседува нови, но и стари икони кои датираат од 1863 до 1878 година.

Најново од: На прво место

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

Македонците се како пиреј – кога мислиш дека е крај, Македонија повторно се раѓа

Македонија ваквата судбина ја носи уште од времето на Александар Македонски до денес. Низ вековите се менувале царства, владетели, граници и политички системи, но секогаш кога некој ќе помислел дека Македонија е поразена или оставена без иднина, од земјата повторно никнувал пирејот. Такви се Македонците – можеш да ги делиш, да ги прогонуваш и да […]

На референдумот на 8 Септември 1991 година во Берлин – 97 отсто гласале „за“ независна Македонија

Референдумот за независност се одржа на 8 септември 1991 година, отворајќи го патот кон осамостојување на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Македонците во Берлин, и покрај правните ограничувања во Германија, се организираа и масовно ја поддржаа независноста на својата татковина. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на […]

Македонски историски календар: 7 септември

На 7 септември се одбележуваат значајни настани од македонската историја, меѓу кои смртта на револуционерот Аргир Манасиев и ослободувањето на Кавадарци и Македонски Брод во текот на Народноослободителната борба. 1932 – Починал македонскиот револуционер Аргир Манасиев На 7 септември 1932 година починал Аргир Наков Манасиев, македонски револуционер, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден […]

За СДС е добро сè што ѝ штети на Македонија – дури и попречувањето на борбата против корупцијата

Кога институциите откриваат и спречуваат корупција, СДС не ја поздравува нивната работа, туку измислува политички конструкции и се обидува успешно разрешениот случај да го претстави како слабост на системот. СДС, наместо да одговори за бројните корупциски скандали и судски случаи што го одбележаа периодот на неговото владеење, денес со политички напади се обидува да ја […]

To top