Култура и туризам

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Томе Трајков

ВЕЛЕС, август 2026 – Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип.

Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем  и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top