На прво место

СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за блокада на Изборниот законик

Опозициските партии не се за реформи, туку за политичка блокада и создавање алиби поради страв од изборен пораз

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку продолжување на политичките блокади.

Иако со месеци учествуваа во разговорите и во усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне конечен договор, тие се повлекоа и го урнаа целиот процес.

По четири месеци преговори во Собранието, претседателот на СДС, Венко Филипче, најде нов изговор и дури сега се сети дека му биле потребни дополнителни експерти.

Станува сè појасно дека блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ. Трите опозициски партии се обидуваат да си обезбедат политичко алиби поради падот на поддршката кај граѓаните и стравот од нов изборен пораз.

Наместо да поддржат реформи, подобрување на изборниот процес и олеснување на остварувањето на уставно загарантираното право на глас на македонската дијаспора, тие избираат блокади, одолговлекување и создавање конфузија во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно усвојување на измените и олеснување на гласањето на дијаспората.

Доколку Македонија продолжи да спроведува избори според стариот Изборен законик, целосната политичка одговорност ќе биде на СДС, Левица и ДУИ.

Најново од: На прво место

Македонија е лидер во регионот – патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9 отсто

Македонија станува сè попривлечна туристичка и транспортна дестинација, а аеродромите во Скопје и Охрид го забележаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, истакна Стојаноски. Според податоците на ACI Europe, патничкиот сообраќај во Македонија пораснал за 27,9 отсто, со што земјата се најде на првото место меѓу државите што не се членки […]

Дрвошанов: Владата обезбеди стабилно функционирање на енергетскиот систем

Со конкретни мерки, нови инфраструктурни проекти и модернизација на пазарот на електрична енергија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува енергетската сигурност на Македонија, истакна пратеникот Жан Дрвошанов. За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни […]

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов. Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско На 4 август 1903 […]

Муцунски: Од ЕУ слушаме пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на македонскиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но нагласува дека тоа нема да биде решение по секоја цена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за МИА, изјави дека се работи на решение за одблокирање на […]

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

To top