На прво место Култура и туризам

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните.

Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале од сите страни.

За овој ден доаѓале и печалбарите. На денот на Света Марена се правеле по повеќе од шест свадби со исто толку пара зурли и тапани.

Покрај жителите, на празникот пристигнувале гости од околните села и градови, како и бројни зубовчани кои работеле на печалба.

Посебно место во поновата историја на Марена има групната венчавка во 2004 година.

Кумови биле Мане и академик Томе Серафимовски, под нивно покровителство била организирана групна црковна венчавка на осум брачни двојки од Зубовце кои, од различни причини, претходно не успеале да се венчаат во православен храм.

Со светата архиерејска литургија чиноначалствувал поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во сослужение со митрополитите Кирил и Горазд и повеќе свештенослужители.

Тој ден храмот „Света Огнена Марина“ не бил само место каде што осум пара го добиле црковниот благослов за својот брак. Тој станал симбол на обновувањето на една стара традиција и сведоштво дека Зубовце продолжува да ги чува верата, бракот, семејството и духовното наследство.

Во својата беседа, г.г. Стефан истакнал дека празникот не треба само да се одбележува, туку и да се живее, нагласувајќи дека на Марена празнува целото Зубовце – и оние што живеат во селото, и иселените, и сегашните генерации, но и споменот за нивните предци.

Истовремено, тој упатил повик Македонците да останат на своите прадедовски огништа, за со нив да останат верата, Црквата, народот и државата.

Од Светиот Гроб во Ерусалим до храмот во Зубовце

Новата страница во историјата на Марена ќе биде испишана на 30 јули 2026 лето Господово во 10.00 часот, кога во храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце ќе пристигне крст благословен во Црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим.

Пред да тргне кон Зубовце, крстот бил положен и благословен на Каменот на Помазанието во Црквата на Светиот Гроб.

Според христијанското предание, токму на ова свето место било положено телото на Исус Христос по симнувањето од Крстот и било подготвено за погребение.

Благословот добиен на едно од најсветите места во христијанството му дава на крстот особена духовна вредност и длабока симболика.

Од Ерусалим до Зубовце, крстот носи порака на вера, љубов, надеж, мир и заедништво. Неговото пристигнување претставува редок и значаен духовен настан за верниците, за жителите на Зубовце и за цела Македонија.

Крстот, кој ќе му биде даруван на храмот „Света Огнена Марина“, е подарок од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија.

Од некогашните свадби и враќањето на печалбарите, преку групната црковна венчавка во 2004 година, па сè до пристигнувањето на крстот од Ерусалим во 2026 година, Марена останува празник што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на Зубовце.

Марена била и останува празник на верата, семејството, љубовта, заедништвото и припадноста кон родното огниште.

Нека Светата великомаченичка Марина ги закрилува сите во Македонија и низ светот. Нека крстот благословен во Светиот Гроб донесе здравје, мир, слога и љубов во секој дом.

Нека е за многу години Марена!

Нека е вечен храмот „Света Огнена Марина“!

Нека Бог ги благослови Зубовце и Македонија!

Најново од: На прво место Култура и туризам

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

To top