На прво место

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот.

„Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно со најавата за кадровски смени, од хигиеничар до министер.

Заевите политички наследници и ден-денес во него гледаат храброст за тешки одлуки. За погрешните одлуки, пак, политичката цена сè уште ја плаќа Македонија.

Во таа критичка сметка, европската иднина премногу често личеше на производ купен на рати. Заев тогаш ветуваше: „Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет“.

А Стево Пендаровски, поранешниот претседател даде уште „посилна“ изјава:

„Сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој кој евентуално би го потпишал тоа (промената на името). Нема да го остават така во фотељата во која е. Мислам дека шанси нема за такво нешто, ама ако има, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе.“

И, како што вели нашиот народ: „Пес рекол, пес одрекол“.

Кога денес ќе прашаш каде е ветеното, ти велат дека треба уште малку трпение. Чудесна трговија: купувачот – народот постојано доплаќа, а продавачот СДС постојано го менува рокот за исплата.

Денес СДС, со Венко Филипче на чело, имаше можност од опозиција да понуди поинаков политички јазик од оној на Зоран Заев и Стево Пендаровски.

По колапсот на штедилницата ТАТ и стечајот на Еуростандард банка, денешното однесување на СДС околу Алта банка остава впечаток дека горчливите искуства на штедачите им послужиле повеќе како инспирација за подгревање на стравот отколку како поука за политичка одговорност од минатото.

Од минатото, изгледа, го задржале истиот рецепт за политичката кујна — само го смениле името на дневниот специјалитет.

Тука се поставува прашањето за политичката одговорност: дали на загрижениот штедач му нудиш непроверена информација и му додаваш уште една причина цела ноќ да не спие?

Штедачот има право да знае што се случува со неговите пари, да располага со нив и да добие јасни објаснувања и одговори од надлежните. Има право и да бара одговорност. Неговата мака е премногу сериозна за да служи како сценографија зад партиска говорница.

Но во политичката кујна на Филипче, вознемирениот граѓанин, изгледа, е особено ценета состојка. Малку неизвесност, повеќе лажни ветувања, две лажици обвинувања, црно сценарио по вкус — и прес-конференцијата е подготвена.

Само што од таа кујна граѓаните заминуваат со помалку спокојство, а партијата очекува да ја наградат со поголема доверба.

Од валандовското „живи луѓе ќе јадеме“, преку лажните ветувања за заштита на името и идентитетот, до денешното сервирање страв и паника, политичкото мени се сменило, а навиката народот да ја плаќа сметката останала.

Додека Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работат за подобар живот на граѓаните – со инвестиции, повисоки плати, автопати, железници, гасоводи, далеководи, хидроцентрали, гасни поврзувања, дата-центри,… – наследниците на Заев подгреваат стари стравови: ново мени, стара кујна и истиот горчлив вкус што народот добро го памети.

СДС сè повеќе остава впечаток на партија што, оптоварена со криминални афери, во телевизиските настапи ги претвора темите од јавен интерес во готово сценарио за паника — со спинување изјави и неосновани тврдења, како нестабилноста да ѝ е последната изборна програма.

Филипче едно не може да сфати: со лажни ветувања и сеење страв не се крева рејтингот на СДС – само се продлабочува дупката што самите си ја ископаа.

Со лага, Ага не се бидува!

 

Од валандовското „живи луѓе ќе јадеме“, преку лажните ветувања за заштита на името и идентитетот, до денешното сервирање страв и паника, политичкото мени се сменило, а навиката народот да ја плаќа сметката останала.

Додека Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работат за подобар живот на граѓаните – со инвестиции, повисоки плати и пензии, автопати, железници, гасоводи, далеководи, хидроцентрали, гасни поврзувања, дата-центри,… наследниците на Заев подгреваат стари стравови: ново мени, стара кујна и истиот горчлив вкус што народот добро го памети.

СДС сè повеќе остава впечаток на партија што, оптоварена со криминални афери, преку телевизиските настапи на своите претставници ги претвора темите од јавен интерес во готово сценарио за паника — со спинување изјави и неосновани тврдења, како нестабилноста да ѝ е последната изборна програма.

Филипче едно не може да сфати: со лажни ветувања и сеење страв не се крева рејтингот на СДС — само се продлабочува дупката што самите си ја ископаа.

Со лага ага не се бидува!

Најново од: На прво место

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

To top