На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство.

ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ успешно го реализираше капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Раководител на проектот и главен истражувач е проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, научен советник во Институтот и истражувач на народните носии и традиционалната орнаментика.

Капитално дело за македонската наука и култура

Основната цел на проектот е создавање на првото систематско лексикографско дело кое на едно место ги обединува, дефинира и документира најзначајните поими, појави и процеси карактеристични за македонскиот фолклор и традиционалната култура.

Лексиконот опфаќа повеќе области од богатото македонско културно наследство: народните носии, традиционалната орнаментика, народната архитектура, традиционалните занаети, етномузикологијата, орската традиција, народните обичаи, усната книжевност и народната митологија.

Во реализацијата на проектот учествуваа 13 научни истражувачи од сите четири научни оддели на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

Значајни научни и издавачки резултати

Во рамките на проектот се реализирани:

  • Двотомно печатено издание „Лексикон на македонскиот фолклор“ – Том 1 (А–Љ) и Том 2 (М–Ш), со околу 1.030 научно обработени одредници на околу 950 страници.
  • Дигитална научна платформа leksikonfolklor.mk, со отворен и бесплатен пристап до содржините на Лексиконот.
  • Национална научна конференција, одржана на 1 и 2 јуни 2026 година во Демир Капија, со учество на 26 истражувачи.
  • Рецензиран Зборник на научни трудови на 272 страници.
  • Повеќе од 30 оригинални научни трудови објавени во референтни научни списанија.
  • Презентација на научните резултати на над 15 конференции, симпозиуми и предавања во Македонија и странство.
  • Унапредување на научноистражувачката инфраструктура на Институтот.

Промоција на научните достигнувања

На претстојниот настан:

  • Двотомниот „Лексикон на македонскиот фолклор“ ќе го промовира дописниот член на МАНУ, проф. д-р Лилјана Макаријоска.
  • Зборникот на трудови ќе го промовира проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска.
  • Севкупните резултати од проектот и дигиталната научна платформа ќе ги претстави проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, раководител и главен истражувач на проектот.

Македонскиот фолклор – наследство за идните поколенија

Реализацијата на овој капитален научноистражувачки проект претставува исклучително значаен влог во македонската наука, култура и национална меморија.

Преку обединување на архивските, теренските и теоретските сознанија во печатена и современа дигитална форма, Лексиконот придонесува за зачувување од заборав на автентичниот македонски фолклор, народната терминологија и традиционалната култура.

Истовремено, ова дело го афирмира македонскиот духовен и материјален културен идентитет пред домашната и меѓународната научна јавност и создава цврста научна и образовна основа за идните генерации.

Покана до научната и пошироката јавност

Се покануваат сите македонисти, фолклористи, етнолози, лингвисти, историчари, професори, студенти и почитувачи на македонското културно наследство да присуствуваат на презентацијата.

Датум: Понеделник, 30 ноември 2026 година

Место: Амфитеатарот на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

Организатор: ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје

„Македонска нација“ го поздравува ова значајно научно достигнување и им упатува честитки на раководителот на проектот и на целиот научноистражувачки тим за нивниот придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонското културно наследство.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top