Тема: политичка сатира

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Филипче и СДС: Изгубивме убедливо — подгответе ја прославата!

Победниците обично слават, а поразените анализираат. СДС на чело со Филипче, конечно го надминавме тој „застарен“ обичај: победниците нека ја водат општината, поразените ќе ја водат прославата! Брвеница гласаше, кутиите се отворија, гласовите се преброија. ВМРО-ДПМНЕ — СДС: 4:1. Но вистинската неизвесност почна потоа: како СДС ќе го претвори убедливиот пораз во охрабрувачка вест? И […]

Според СДС, сите се луѓе на Мицкоски – останува уште самите себе да се обвинат

Граѓаните очекуваат уште СДС да обвини дека ВМРО-ДПМНЕ работи за Христијан, а дека Мицкоски ја контролира ВМРО-ДПМНЕ Од ЗНАМ и поранешни функционери на СДС, преку новинари и обвинители, до Левица – речиси секој што не се согласува со раководството на СДС станува „човек на Мицкоски“, „сателит на ВМРО-ДПМНЕ“ или дел од проект за слабеење на […]

Никој не му се плаши на Мицкоски – рече Филипче и се оддалечи на безбедно растојание

Изјавата на Венко Филипче дека „никој не му се плаши на Мицкоски“ ме потсети на деновите од младоста, кога двајца тинејџери ќе се скараа во маало, а работата ќе дојдеше до работ на тепачка. Во таквите ситуации, послабиот обично најгласно се обидуваше да покаже дека е силен. Ќе ги подвиткаше ракавите, ќе го кренеше гласот […]

ВМРО-ДПМНЕ стана учител-СДС остана слаб ученик

Додека Венко Филипче се обидува да ја гради својата јавна слика врз наводни европски вредности, неговото молчење пред бугарските провокации покажува дека тие принципи ги користи само кога треба да ја напаѓа сопствената држава. СДС и Филипче повторно ја отворија старата тетратка со лаги, полувистини и евтин политички страв. Само што, и овојпат, лекцијата не […]

To top